Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, во петок во Алјаска ќе биде „средба за меѓусебно запознавање“, со цел да се повика Русија да ја прекине војната во Украина.
„Значи, ќе разговарам со Владимир Путин и ќе му кажам: мора да ја прекинете оваа војна. Мора да ја прекинете“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, според Ројтерс.
Тој, исто така, рече дека на идната средба би можел да учествува и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.