Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети тврди дека премиери и академици му нуделе да ја поделат Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети тврди дека премиери и академици му нуделе да ја поделат Македонија
ПОЛИТИКА

Ахмети тврди дека премиери и академици му нуделе да ја поделат Македонија

Објавено August 12, 2025 17:49
Сподели
Сподели

По повод 24-годишнина на Охридскиот договор лидерот на ДУИ Али Ахмети се обрати до „сограѓаните Македонци, на македонски јазик“, преку колумна објавена на порталот 360 степени, и препратена до сите медиуми.

Тој вели дека друга држава нема и дека тој и Албанците се залагаат за унитарна, заедничка и еднаква Македонија.

„Наспроти тоа што ова го знаат и Црвенковски и Груевски, и Заев и Мицкоски, а го знаеја и нивните претходници, во нашите млади години, сите ние што се осмелувавме да се залагаме за еднаквост, нѐ гонеа за сепаратизам, национализам, шовинизам, а денес истиот пристап софистицирано се повторува со прогон и оцрнување за наводна корупција и криминал од истата доктрина и истите заробени умови кои ги карактеризираат граѓаните во граѓани од прв, втор, трет ред и сметаат дека државата им припаѓа само ним“, пишува Ахмети.

„Премиери и академици ми нудеа да ја поделиме Македонија, не прифатив. Ме оцрнуваа од тоа дека сум бил соработник на српските служби со фалсификувани досиеја, па сѐ до наводно корумпиран, но граѓаните секогаш се определуваа да нѐ поддржат нас“, додава Ахмети.

Во колумната тој тврди дека за овие 24 години, тој и неговите соработници се залагале да го спроведат Охридскиот Договор, да ја интегрираат земјата во НАТО и во ЕУ, да преземат одговорност за заедничката држава…

„Ретки се лидерите во нашето општество кои што му оддолеваат на искушението да зајаваат на бранот на национализмот и популизмот за пирова краткотрајна победа со далекусежни негативни последици за државата и за општеството. За жал, сведоци сме дека можело да се враќаме назад. Сведоци сме дека можело да се заборави минатото и да се повторуваат грешките во сегашноста кои што ќе нѐ чинат во иднината, и тоа од површни пориви. Барам и очекувам и Македонецот да ги почитува засебностите на мојот народ и да разбере конечно и без предрасуди дека од еднаквоста не губи ништо, напротив добива многу“, пишува Ахмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мадона до папата Лав XIV: „Оди во Газа пред да биде предоцна“
Следна Статија УЈП ќе ги контролира градежниците, ќе се „чешлаат“ договори со нереални цени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност

Заради теснополитички интереси, тој одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент – прашање што беше затворено, а…

July 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Евростат: Во Македонија има најевтина храна од цела Европа!

Цените на храната во Македонија се најниски од цела Европа! Разликите во цените на храната во Европа се големи, а…

December 15, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден. Но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на…

July 10, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Интервенцијата во Иран е оправдана, но САД треба да знаат дека и во земјава има авторитарна власт

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче смета дека нападот на САД, заедно со Израел, врз Иран…

March 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?