Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Блокирана Илинденска: Трет протест за плати на вработените од „Флораком“ и „Луна“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Блокирана Илинденска: Трет протест за плати на вработените од „Флораком“ и „Луна“
МАКЕДОНИЈА

Блокирана Илинденска: Трет протест за плати на вработените од „Флораком“ и „Луна“

Објавено August 12, 2025 17:10
Сподели
Сподели

Трет протест поради неисплатени две плати. Вработените од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на Јавното Претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје, два часа го блокираа булеварот „Илинден“. Не им е исплатена јунската плата, а за три дена треба да се исплати и платата за јули, за која, како што рекоа немаат сигнали од раководството дека ќе се исплати.

„Работниците кои што се позади мене и го блокираат булеварот Илинден како што реков се оставени и без плати и без здравствено осигурување и покрај тоа што меѓу вработените имаме хронично болни, онколошки случаеви, луѓе со стентови и така натаму, односно со тешки болести. Ова од страна на раководството на ЈП Паркови и зеленило Скопје кое што се случува веќе е крајно нехумано бидејќи со неисплаќањето на плати се приморани вработените да протестираат на овие пеколни горештини, над плус 40 степени“, вели Стојанче Кашиковски.

Работниците апелираа до основачот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје – Град Скопје да се вклучи во решавање на овој проблем.

„Од страна на Град Скопје пред две недели беа изгласани субвенции во износ од 80 милиони денари. Пари кои што се кои се доволни не само да се исплати платата во овие две друштва со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“,туку пари доволни да се исплати и платата на вработените во „Паркови и зеленило“. За жал, повторно вработените не добија конкретен одговор кога ќе им се исплати платата. Ветувањата се дека ќе биде, ќе биде ќе биде. Јас ќе кажам една народна поговорка така и магарето го учеле да живее без храна па на крајот умрело“, вели Стојанче Кашиковски.

Вработените од протестот порачаа дека ако итно не се реши нивниот проблем, ќе продолжат со блокирање улици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсени две лица од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци
Следна Статија Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска официјално го означија почетокот на…

January 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со пораки до младите: Нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам и љубов кон државата и народот од формирање семејство

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на настанот во организација на УМС по повод 34 години од формирањето на…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Си поднесе оставка: Ленче Ристовска веќе не е обвинител

Обвинителката Ленче Ристоска денеска си поднесе одставка од обвинителката позиција, а како што може да се забележи од нејзината изјава,…

April 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?