Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна, рече Ангелов од Јасен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна, рече Ангелов од Јасен
ХРОНИКА

Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна, рече Ангелов од Јасен

Објавено August 13, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, утрово од Јасен после целовечерната борба со шумскиот пожар, рече дека во изминатото деноноќие на територијата на Македонија имало три шумски пожари, од кои токму на Јасен бил најтежок за гасење.

Во изминатото деноноќие имавме 33 пожари. 28 пожари се целосно изгаснати, два се ставени под контролa, а три се активни. Пожарот во ловиштето Јасен беше најтежок за гаснење, кој се одвива на тежок терен. Неколку дена дејствуваме со ер-трактори и хеликоптери. На лице место се присутни утринава специјалците на АРМ како и од ЕБР од МВР. Овие луѓе работат на една од линиите над патот, која успеавме да ја изгасиме со што спречивме ширење на пожарот. За жал имаме повторно знаци за реактивирање на еден мал крак, упатени се сили и се надевам дека ќе успееме да го локализираме. Состојбата во долниот дел од патот е лоша, има многу чад. Воздухопловите тука не можат да dејствуваат затоа што видливоста е лоша, и гаснењето се одвива отежнато. На лице место се екипи од ЈП Јасен и на Mакедонски шуми. Во текот на ноќта на помош ги повикавме и пожарникарите од Кавадарци, кои помагаат. Останати пожари кои се активни се пожарот кој избувна во текот на вчерашниот ден во општина Сарај од селото Радуша кон селото Дворце а најверојатно ќе се префрли кон Јегуновце. Се работи за гасење на овој пожар, и верувам дека ќе го ставиме под контрола. Третиот активен пожар е на територијата на Македонски Брод. Пожар кој беше активен пред неколку недели, изјави Ангелов.

Тој рече дека дел од пожарите се подметнати, со оглед дека бројката во текот на вчерашниот ден беше огромна.

Повеќе од сигурно е дека некои пожари се подметнати затоа што бројката е енормна. Дополнителен проблем прави ветерот, кој го разгорува, и за миг може да се претвори во уште поголем, изјави Ангелов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопругата на Робин Вилијамс проговори за неговата болест и самоубиство: „Мозокот му се распаѓаше“
Следна Статија Извршена уште една трансплантација на органи од починат дарител

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жена од кочанско измамена со сума од 4000 евра за да земе пензија

Вчера во Полициската станица Кочани, 61-годишна жена од кочанско пријави дека била измамена од П.Г.(59) од кочанско за сума од…

September 18, 2025
ХРОНИКА

Семејна драма во Битола: Со нож го нападнал шурата, па ја претепал сопругата

Полицијата уапси 30-годишен маж од битолското село Лера откако синоќа околу 21:40 часот нападнал млад битолчанец и физички ја нападнал…

August 23, 2025
ХРОНИКА

Малолетнички се онесвестиле на базен, откако се напиле алкохол уште сабајле

Две малолетни девојчиња од Тетово завршиле во болница откако наводно купиле алкохолни пијалаци од вработена во продавница во градот, па…

July 15, 2025
ХРОНИКА

Oбвинителството ќе изведува материјални докази за “Пулс“

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската…

April 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?