Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Ако имало криминал во Агенцијата задолжена за„Еразмус“, требало СДСМ да го расчисти кога беше на власт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Ако имало криминал во Агенцијата задолжена за„Еразмус“, требало СДСМ да го расчисти кога беше на власт
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Ако имало криминал во Агенцијата задолжена за„Еразмус“, требало СДСМ да го расчисти кога беше на власт

Објавено August 13, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Ако имало нешто спорно и незаконско во работењето на Агенцијата задолжена за „Еразмус“, во периодот што го посочуваат од СДСМ, од 2014-2017 година, требало тоа да го проверат и расчистат кога нивната партија беше на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ следува по прес-конференција на СДСМ од каде побараа новата в.д. директорка на Агенцијата, Ана Михајлов да биде разрешена и да се обезбедат услови за непречена истрага.

„СДС беше на власт седум години ,од 2017 година до лани. Доколку имало нешто спорно во Агенцијата Еразмус +, тие не само што ќе ги затвореа луѓето, туку и ќе ги снимаа и омаловажуваа како Гордана и Миле. СДС имаше можност седум години да провери и да расчисти доколку имало некаков криминал. Но, на нив им одговараше Лидија Димова и таквите како неа, а секако тоа му одговарало и на тогашниот претседател Заев, кој можеби со тие пари и си ја има купено јахтата, во која заедно со Филипче уживаат на Егејското море“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно СДСМ побара од Владата итно да ја разреши Михајлов од позицијата в.д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност задолжена за „Еразмус“ , а Обвинителството да постапи по наодите на ОЛАФ и сите инволвирани во овој скандал да одговараат.

Барањата на СДСМ доаѓаат откако вчера партијата објави дека Михајлов е осомничена во истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Според СДСМ, свиркачи до партијата доставиле информации дека Европската Унија не дала согласност за избор на Ана Михајлов за в.д. директорка, туку напротив, од Брисел експлицитно било соопштено дека јавниот оглас е нелегитимен и дека мора веднаш да се повтори за да има нови кандидати.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера возвратија дека актуелното решение е во координација со канцеларијата на ЕУ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По 13 август, 3 хороскопски знаци излегуваат од периодот на тага: Сонцето конечно ќе им заблеска
Следна Статија Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Бектеши: Можни се тензиите по укинувањето на балансерот

ДУИ предупредува на зголемување на тензиите откако беше укинат „балансерот“ за етнички вработувања. Екс-министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју…

October 13, 2024
ПОЛИТИКА

Големо признание: Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за 2025 – 2027

Со 168 гласа „за“, Република Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите, вели Мицкоски

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ – ,,Љубиша Георгиевски” во соработка со ИФЕС одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема – ,,Модернизирање на…

April 26, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и не реагирале

Артан Груби со години ја крадел државата, а за тоа знаеле и СДС и ДУИ и МВР под водство на…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?