Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рокот заврши: Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рокот заврши: Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање
МАКЕДОНИЈА

Рокот заврши: Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање

Објавено August 14, 2025 00:29
Сподели
Сподели

Во рамки на дејствијата поврзани со локалните избори, синоќа заврши тридневниот рок за пријавување на печатените и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања. До утревечер на полноќ, пак, е рокот за доствување на ценовниците до ДИК за изборите.

Од Државната изборна комисија велат дека деновиве ќе излезат со бројката на медиуми кои поднеле документи да се евидентираат во Регистарот бидејќи документите се проверуваат, а дел од нив ги пратиле и на имејл, и ги доставиле до нивната архива.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на државата.

Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се води врз основа на поднесено барање за упис до ДИК, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар не постара од 30 дена.

Ценовниците за платено политичко рекламирање печатените медиуми и интернет порталите се должни да ги достават до ДИК, до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават до ААВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

Најдоцна до 24 август ДИК е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страница доставените ценовници од медиумите. Радиодифузерите и печатените медиуми кои нема да постапат по известувањето на корекција на ценовниците во наведениот рок го губат правото да бидат регистрирани за платено политичко рекламирање.

Учесникот во изборната кампања, како што се нагласува во Роковникот на ДИК, не може да нарача платено политичко рекламирање од радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите кои не се во Регистарот кој го води ДИК.

ДИК ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура од страна на медиумите во рок од 30 дена од објавувањето на конечните резултати од локалните избори.

Од распишувањето на изборите тече и рокот за пријавување на набљудувачи на локалните избори, кој завршува на 8 октомври.

Барања за набљудување на изборите до ДИК може да достават сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права, меѓународни организации и претставници на странски земји вклучително и претставници на медиуми.

Подносителите на барањата за следење на изборите поднесуваат Барање за регистрација на набљудувачи на изборен процес, додека претставниците на странските медиуми поднесуваат Формулар за акредитација на медиуми. Двете барања се достапни на веб страницата www.sec.мк.

Домашните здруженија и странски организации, покрај Барањето доставуваат и Копија од Статут на здружението, копија од регистрација пред надлежен орган, список на набљудувачи и копија од документ за идентификација на предложените набљудувачи.

Меѓународните организации и претставници на странски земји, покрај Барањето за набљудување, доставуваат и Список на набљудувачи и копија од документи за идентификација на предложените набљудувачи.

Претставниците на странските медиуми покрај Барањето за акредитација на медиуми, доставуваат список на новинари, сниматели, фоторепортери и копија од документ за идентификација.

Претставниците на медиумите од Република  Македонија не подлежат на процес на акредитација.

Барањата со потребните прилози се доставуваат на мејл адресата observers@sec.mk, најдоцна десет дена пред денот на гласање, односно најдоцна до 8 октомври 2025 година до 24:00 часот.

Државната изборна комисија ќе издаде овластување на сите подносители за набљудување и следење на изборите кои ги исполнуваат условите најдоцна седум дена по приемот на барањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вработените на Урологија: Ние можеме без нови ајфони, пациентите не можат без клими
Следна Статија (ВИДЕО) Грција гори – евакуирани болници и населби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Нови 20 милиони евра од САД за македонската одбрана, Америка максимално нè поддржува

Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра, од кои дел се за софистицирани дронови. Сите…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Балканските лидери ќе бидат во Скопје: Утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќај

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Инсталиран е новиот систем за компримиран воздух на комплексот клиники

Во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје. -Монтирани и инсталирани…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ – Западен Балкан

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?