Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студентите во блокада во Србија најавија собири за вечерва во Белград и во многу градови во државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студентите во блокада во Србија најавија собири за вечерва во Белград и во многу градови во државата
БАЛКАН

Студентите во блокада во Србија најавија собири за вечерва во Белград и во многу градови во државата

Објавено August 13, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Студентите во блокада во Белград најавија протест наречен „Србијо, разбуди се“ за вечерва во 20 часот на неколку локации во главниот град на Србија.

Најавени се за вечерва протести на студентите во блокада во 30-на градови во Србија меѓу кои и Нови Сад, Ниш, Пирот, Лесковац, Врање…

Во Врбас, 16 полицајци беа повредени, додека 52 граѓани се пријавија во болница со разни повреди, истакна директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, зборувајќи за синоќешните протести во Врбас и Бачка Паланка.

„Се соочивме со сериозен обид за загрозување на јавниот ред и мир“, додаде тој.

Синоќа протести се одржаа на плоштад во Врбас, каде што полициски кордон ги одвои собраните поддржувачи на СНС и луѓето кои протестираа. Слична ситуација беше и во Бачка Паланка, каде што се одржа протестот, како што рекоа, во поддршка на нападнатиот сограѓанин, а полициски кордони ги одвоија и демонстрантите од поддржувачите на СНС.

„Дали треба да се случува ова, да има 70 повредени лица? Тие бараат оправдување зошто полицијата е таму, па дали треба да имаме граѓанска војна, дека треба да има смртни случаи“, прашува Васиљевиќ.

„Утрово, началникот ме информираше дека ситуацијата во Врбас се смирила само околу 6 часот утрово“.

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека насилството на блокадерите првенствено во Врбас и Бачка Паланка, е доказ дека добиле директива од своите претпоставени да предизвикаат граѓанска војна.

„На директорите им е јасно дека има се помалку блокатори на улица, дека поддршката од обичните луѓе е сведена на минимум, дека сите сфатиле дека немаат што да ѝ понудат на Србија освен омраза и насилство. Затоа одат на се или ништо. Затоа најавуваат нови собири токму пред просториите на Српската напредна странка. Тие сакаат инциденти, сакаат конфликти, сакаат да провоцираат, уништуваат, кршат, тепаат и малтретираат. Се надеваат на братоубиствена војна што би ја запрела Србија и од која тие би имале корист“, изјави Брнабиќ во објава на мрежата X.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија
Следна Статија Жерновски се засекира за рејтингот на ВМРО ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Опозицијата од Нови Сад повика на 14-минутна граѓанска непослушност в петок и блокади в недела

Новосадската опозиција денеска ги повика граѓаните на 15 ноември да прекинат со работа на четиринаесет минути и да го изразат…

November 13, 2024
БАЛКАН

Исчезна 12-годишно дете во Србија

Илија Матиќ, дете на возраст од 12 години, исчезна во Србија. Неговиот татко за српските медиуми изјавил дека момчето исчезнало…

April 5, 2025
БАЛКАН

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување…

February 21, 2025
БАЛКАН

Раправијата во кафаната во Цетиње почнала поради бадниково дрво

Аца Мартиновиќ (45) од Цетиње, кој на 1 јануари уби 12 жртви, меѓу кои две деца на возраст од 9…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?