Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ
БАЛКАН

Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ

Објавено October 12, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија, со што се овозможува одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во вторник (15 октомври) во Луксембург, соопшти унгарското претседателство со Европската Унија.

Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан, се наведува во соопштението.

Првиот сет на поглавја, Кластерот „Основни вредности“, ги опфаќа фундаменталните реформи, што ќе го трасираат патот за почеток на преговори по другите кластери.

Напредокот по овие реформи ќе го одреди и целокупното темпо на преговорите, потенцира унгарското претседателство.

Во соопштението се додава и дека во пресрет на одлуката на Корепер, вчера во Будимпешта се одржала средба на премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која тие разговарале за пристапните преговори и се согласиле да продолжат со зајакнување на билатералната соработка.

Корепер минатиот месец реши Албанија да почне преговори за членство со ЕУ по кластери, со што практично земјата е одвоена на својот европски пат од Македонија. Досега двете држави се движеа заедно во пакет кон полноправно членство во Унијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хороскоп за милијардери: во кои знаци се раѓаат најбогатите луѓе
Следна Статија Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Жена загина во експлозија во Солун, планирала бомбата да ја постави на банкомат

Триесет и осумгодишна жена загина во експлозија во Солун рано утрово, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека кривичната истрага е во…

May 3, 2025
БАЛКАН

Парламентот во Бугарија одби воведување на еврото

Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото,…

May 14, 2025
БАЛКАН

Исто како Заев: Српските студенти кандидати за Нобелова награда

Студентитe од Србија и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир, напиша писателот и драматург Синиша Ковачевиќ на социјалната…

January 31, 2025
БАЛКАН

Почина извлечената девојка од урнатините, таа е 16 жртва во несреќата која се случи во Нови Сад

Девојката која била тешко повредена во ужасната несреќа која се случи денеска на железничката станица во Нови Сад им подлегнала…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?