Овој пијалок може да ви помогне да ја регулирате вашата тежина, а ви се потребни само две состојки. Можете да ги најдете насекаде и се евтини – вода и ѓумбир. Првото нешто што треба да го направите штом ќе се разбудите е да зовриете вода во голем сад, а потоа да додадете неколку парчиња свеж ѓумбир, долги околу 4 до 5 см. Добиената вода од ѓумбир можете да ја префрлите во термос и да ја пиете во текот на денот, дури и да ја носите на работа. Најмалку еден литар од овој освежителен пијалок ќе го смири вашиот стомак и ќе спречи надуеност и гасови. Подготвувајте и пијте вода од ѓумбир секој ден во текот на шест месеци. Носете ја со себе каде и да одите – на работа, на пикник, на шопинг, на патување, чувајте ја до вашиот компјутер или телевизор.
Пијте го овој напиток во голтки во текот на целиот ден, а ѓумбирот, покрај тоа што го зајакнува имунитетот, штити и од кардиоваскуларни заболувања, го намалува лошиот холестерол и го забрзува варењето на храната. Ѓумбирот е очигледно состојка што треба да ја користиме многу повеќе. Иако се користи во традиционалната кинеска медицина со векови, кај нас не е толку популарен, но треба да биде затоа што има многу здравствени придобивки. И уште еден едноставен и практичен совет за витка фигура – оставете да поминат најмалку три часа помеѓу оброците, како и помеѓу последниот оброк пред спиење, пишува порталот 24sata.hr.