Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем гест на Челзи: Премиите од 15 милиони фунти ќе ги донира за семејството за Жота
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Голем гест на Челзи: Премиите од 15 милиони фунти ќе ги донира за семејството за Жота
СПОРТ

Голем гест на Челзи: Премиите од 15 милиони фунти ќе ги донира за семејството за Жота

Објавено August 14, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Челзи одлучи да донира дел од бонусите освоени на Светското клупско првенство на семејствата на трагично починатиот Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Потег за почит од страна на клубот и играчите по победата на престижното натпреварување, пишува „Атлетик“.

Да ве потсетиме, во јули, клубот од Западен Лондон ја освои шампионската титула на новото, проширено Светско клупско првенство на ФИФА, победувајќи го Пари Сен Жермен во финалето со убедливи 3:0.

Овој успех им донесе околу 114,6 милиони долари (околу 100 милиони евра). После тоа, клубот воспостави фонд од 15,5 милиони долари за еднаква распределба меѓу играчите на тимот на Енцо Мареска, а со заедничка одлука на клубот и играчите, дел ќе му припадне на семејството Жота.

Вредноста на секој поединечен дел е повеќе од 500.000 долари, пред одбивањето на трошоците за конверзија на валута, даноците и другите такси.

Гестот доаѓа во знак на поддршка на семејството по ужасната трагедија што се случи на 3 јули, само десет дена пред финалето на Челзи. Во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора, напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва, фудбалер од португалскиот клуб Пенафиел, ги загубија животите.

И Ливерпул, клубот на Жота, се збогува со својот напаѓач на трогателен начин. Неодамна беа откриени планови за спомен-скулптура на „Енфилд“ во чест на Португалецот, кој постигна 65 гола на 182 настапи за клубот.

Во текот на сезоната 2025/26, играчите ќе го носат амблемот „Засекогаш 20“ на своите дресови, а фондацијата на клубот ќе започне програма за млади фудбалери која ќе го носат името на Жота.

Пред првиот натпревар од сезоната против Борнмут во петок, планирани се специјална кореографија на навивачите и едноминутно молчење. Минатиот месец, Ливерпул исто така објави дека трајно го повлекува дресот со број 20 на сите нивоа на клубот во спомен на играчот кој пристигна на „Енфилд“ во 2020 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Институциите доставуваат пријави, но борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител
Следна Статија Фирмата што изнајмувала машини за хидроелектраната на Дошница се повлекла, активистите најавуваат нова битка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Нејмар жали што не е во репрезентацијата пред СП

Фудбалерот на Сантос, Нејмар, е разочаран поради неговото изоставување од репрезентацијата на Бразил за пријателските натпревари против Франција и Хрватска.…

March 17, 2026
СПОРТ

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос…

July 14, 2025
СПОРТ

Роналдо му се заблагодари на тренерот поради кој си замина

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, се обрати кон Стефано Пиоли откако Италијанецот ја напушти функцијата главен тренер на саудискиот тим.…

June 25, 2025
СПОРТ

Надал кажа кој му бил најтежок противник во кариерата

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал се појави во јавноста три месеци по пензионирањето и зборуваше за ривалството кое го имаше…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?