Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МНР чека потврда за Дејанчо, а ова се убиените во Боливија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МНР чека потврда за Дејанчо, а ова се убиените во Боливија
ХРОНИКА

МНР чека потврда за Дејанчо, а ова се убиените во Боливија

Објавено August 14, 2025 22:10
Сподели
Сподели

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во кое наводно еден од убиените е македонски државјанин.

Од министерството информираат дека македонската амбасада во Бразил е во постојан контакт со Амбасадата на Боливија во Бразилија.

„За потврда на идентитетот на жртвите се очекува завршување на обдукцијата, која сè уште е во тек. По добивањето на официјална информација од боливиските власти за идентитетот на жртвите и околностите на настанот, Министерството ќе ја информира јавноста“, соопштија од МНР.

Познат е целосниот идентитет на македонскиот државјанин кој заедно со двајца Срби беше убиен во јужноамериканската држава Боливија. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за 43-годишниот Дејанчо Лазаревски од Струмица, познат под прекарот „Македонец“.

Покрај него, жртви на ликвидацијата се и Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш, а третата убиена личност сè уште не е официјално идентификувана. Се претпоставува дека имала фалсификувани документи. Првичните сомневања укажуваат дека тројцата мажи биле вмешани во конфликт со локални нарко-картели, можеби во рамките на пресметка меѓу групи поврзани со таканаречениот „балкански картел“.

Телата на жртвите биле пронајдени во куќа во населбата Петролеро Норте, во главниот град Санта Круз. Сите биле завиткани во големи црни најлонски кеси, што според истражителите укажува дека убијците планирале да ги отстранат, да ги закопаат или да ги пренесат на оддалечена локација.

Локалниот весник во Санта Курз, „Ел Дебер“ објави дека Лазаревски (43) бил бугарски државјанин, го потврдија и идентитетот на Ѓуриќ според документите кои ги имале кај нив. Исто така беше објавен резултатот од обдукцијата на трите тела.

– Обдукцијата извршена во судската мртовечница Пампа де ла Исла од страна на Институтот за форензички истражувања (IDIF) утврди дека една од жртвите починала од прострелна рана во главата. Другите две починале како резултат на повеќекратни повреди на главата и повеќекратни повреди предизвикани од траума со тап предмет, повреди што се конзистентни со акти на тортура – вели обвинителот назначен за истрагата, Херланд Родригез.

Бруталноста со која е извршено злосторството ја наведува полицијата да се сомнева дека станува збор за пресметка, веројатно поврзана со транснационални нелегални активности, иако во моментов не е исклучена никаква хипотеза.

Како дел од истрагата уапсени се четири лица, вклучувајќи таксист кој наводно превезувал дел од жртвите и наводните сторители.

За време на рациите, полицајците заплениле две возила, од кои едното носело муниција од 9 мм, и собрале снимки од надзорните камери од областа за да ги реконструираат настаните што доведоа до и по убиството.

Куќата во населбата Петролеро Норте каде што беа пронајдени телата е исто така под строг надзор. Се претпоставува дека тоа било место на заробеништво и последователна егзекуција, иако полицијата не ја исклучила можноста починатите да биле транспортирани од друг дел од градот.

Српски извор за медиумите вели дека веста за убиството брзо се проширила во подземјето на Ниш и Струмица.

– Последните информации велат дека еден од убиените е Миљан, познат како Итри, другиот е Дејанчо, кого сите го знаевме како Македонец, а третиот е познат како Мали Коста – изјавил соговорникот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
Следна Статија Невладина на екс судијата Лазар Нанев добила 120 000 евра од Еразмус: Заев и СДСМ купуваа судии за да им вршат услуги, обвинува Манасиевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Погребан херојот Илчо: Кобниот ден 11 пати возел од Кочани до Скопје, 32 часа им помагал на повредените

Вчера беше погребан Илчо Гоцевски од Звегор, Делчево, со живеалиште во Кочани, возачот на Итна медицинска помош во Кочани, кој…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок

Судењето против Васил Јованов, возачот кој според обвинението на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова започнува в петок во Основен…

May 6, 2025
ХРОНИКА

Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми

Поранешниот директорот на Државни патишта, двајца вработени во оваа компанија како и сопственик на агенција за обезбедување утрово се приведени…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Јанев: Нема да дозволиме Македонија да биде упориште на криминални групи (ВИДЕО ОД АКЦИЈАТА НА МВР)

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев по последните акции на МВР, вели дека нема да дозволат Македонија да…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?