Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова: Имаме јасен остварлив план за чисто Скопје, ќе го исчистиме градот во првите три месеци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова: Имаме јасен остварлив план за чисто Скопје, ќе го исчистиме градот во првите три месеци
ПОЛИТИКА

Шукова: Имаме јасен остварлив план за чисто Скопје, ќе го исчистиме градот во првите три месеци

Објавено August 15, 2025 09:38
Сподели
Сподели
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со заменик-претседателката на партијата Фани Каранфилова Пановска, кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба Влатко Митовски и кандидатот за општина Ѓорче Петров Костадин Ацевски, одржа работен состанок посветен на системските решенија за управување со отпадот во главниот град и општините.

Шукова потенцираше дека ситуацијата е критична: „Четири години гледаме како градот тоне во отпад. Скопје мириса како никогаш досега, загаденоста и прашината се секојдневие, а отпадот шири болести. Граѓаните се жалат, а моменталната администрација не реагира.“

Таа најави дека еден од првите чекори по преземањето на функцијата ќе биде темелно чистење на целиот град и сите општини во рок од три месеци. Овој процес ќе вклучува: отстранување на сите диви депонии и уредување на критичните црни точки, контрола и мониторинг за да се спречи повторно создавање на депонии, како и силна координација меѓу градот и сите општини, без префрлање на одговорности.

Паралелно со ова, Шукова најави модернизација на системот за управување со отпад:

• Нови возила за побрзо и поефикасно собирање, бидејќи постојната механизација е застарена.

• Повеќе претоварни станици за скратување на времето за транспорт до Дрисла, особено за општините кои сега можат да направат само една-две тури дневно.

• Поставување на паметни контејнери со сензори за следење на нивната исполнетост во реално време, со што ќе се избегне преполнување и ќе се оптимизираат турите.

• Јасен јавен распоред за собирање отпад, по видови и по денови.

Шукова истакна дека ќе се воведе и систем за селекција и преработка на отпад, како дел од кружната економија. „Хартијата, стаклото, пластиката, алуминиумот и градежниот шут ќе ги третираме како ресурс што повторно ќе се користи, а не како отпад што загадува.“ – потенцира Шукова.

Дополнително, ќе се работи на подобро управување со депониите Вардариште и Дрисла, како и на искористување на европските фондови, вклучително и програмите LIFE и ИПА, за современи и одржливи решенија.

„Граѓаните плаќаат за чист град – и ќе го добијат.“ Шукова истакна дека законите во државата уредуваат како секој тип на отпад треба да се управува, но спроведувањето на законите на ниво на градот Скопје и на општините не е целосно, значи е делумно и ќе треба да се направат сериозни интервенции за да се постави ефикасен систем кој ќе работи во корист на граѓаните.

„Ова нема да биде еднократен кампањски потег, туку системска промена која ќе обезбеди трајна чистота и подобро здравје за сите жители на Скопје.“ заклучи Шукова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во оваа земја од ЕУ најмалку работат
Следна Статија Лавров привлече медиумско внимание за време на доаѓањето на Алјаска, многумина забележаа необичен детаљ на неговиот џемпер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска потпишаа договор за стратешка соработка помеѓу двете земји, што…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите, владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Македонија…

July 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Работнички протест во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска точно во 12:05 часот ќе одржи голем работнички протест во Скопје. Главните барања…

March 14, 2026
ПОЛИТИКА

„Очекувам ЕУ да има јасна стратегија за нас“, вели Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува Европската Унија да има јасна стратегија и за нас по одлуката за одвојување на Албанија.…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?