Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инспекторатот за животна средина изврши вонреден надзор во биогасната централа „Вардар биопроцес“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Инспекторатот за животна средина изврши вонреден надзор во биогасната централа „Вардар биопроцес“
МАКЕДОНИЈА

Инспекторатот за животна средина изврши вонреден надзор во биогасната централа „Вардар биопроцес“

Објавено August 16, 2025 18:43
Сподели
Сподели

Државниот инспекторат за животна средина наложи дополнителни проверки во биогасната централа „Вардар Биопроцес“ кај Градско, откако граѓаните со месеци се жалат на неподнослива смрдеа, објави ТВ 24. 

По вонредниот надзор извршен минатиот месец инспекторатот бара да се утврди дали во воздухот има загадувачки материи како резултат на фугитивни емисии – испарувања што може да се јават при трансфер, ракување или протекување од опремата.

„При вонредниот надзор се констатираше дека е потребно да се утврди присуството на загадувачки материи во околината од фугитивните извори на емисија од вршење на дејноста – производство на електрична енергија од биомаса. Треба да се изврши оцена на можните влијанија од активностите кои создаваат фугитивни емисии во животната средина, од чии наоди ќе зависи дали ќе биде потребно да се спроведат дополнителни мерки на заштита.“

Жителите на населбата Стопанство и дел од Градско тврдат дека веќе две години живеат со силна непријатна миризба и наплив на инсекти од биогасната централа во нивна близина, што сериозно им го нарушува секојдневието и здравјето. Тие се жалат на проблеми со дишните патишта, главоболки и воспаленија, а за да се заштитат, летните вечери ги минуваат со затворени врати и прозорци.

Од компанијата, пак, негираат дека непријатниот мирис потекнува од нивниот погон. Оттаму тврдат дека редовно се врши лабораториски проверки на емисиите и загадувачките материи во воздухот. Според нив, сите резултати од акредитирани лаборатории покажуваат дека нема надминување на дозволените гранични вредности.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов: Пет активни пожари, најтешки за гаснење во „Јасен“ и Јажинце
Следна Статија На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Хаос на Богородица и Евзони, на граничните премини се чека со часови

Почетокот на летната туристичка сезона и викендот повторно создадоа големи гужви на граничните премини Евзони и Богородица, каде што илјадници…

June 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нема нафта, нема автобуси – градскиот превоз го достигна дното

Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно

Сите три потврди за неосудуваност (казнена, кривична и прекршочна евиденција), уверение за државјанство, петте најкористени услуги од Катастарот, потврдите за…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Постапката за разрешување на Коцевски продолжува по изборите

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Коцески кому му беше изгласана недоверба во Собранието, продолжува да биде…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?