Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ: Шкупи не обезбеди соодветен терен и нема да го игра натпреварот со Силекс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ: Шкупи не обезбеди соодветен терен и нема да го игра натпреварот со Силекс
СПОРТ

ФФМ: Шкупи не обезбеди соодветен терен и нема да го игра натпреварот со Силекс

Објавено August 16, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Натпреварот од 2. коло на Прва македонска фудбалска лига меѓу екипите на Шкупи и Силекс, закажан за утре во 17 часот, нема да биде одигран, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Причината за неодигрување на натпреварот е необезбедување соодветен домашен терен од страна на клубот, домаќин.

Комисијата за натпревари на ФФМ на првиот нареден состанок ќе расправа за случајот и ќе донесе соодветни мерки согласно пропозициите за натпреварување.

– ФФМ во изминатиот период покажа целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓа клубот. Оставивме и повеќе од доволно време за да се пронајде соодветно решение. Направивме сè од своја страна, сите клубови да имаат регулирани услови на почетокот на сезоната. Но, доколку управата на клубот нема капацитет да ја извршува својата работа и обврски, тогаш одговорноста не може да биде префрлена на ФФМ, туку единствено на раководните лица на клубот.

Воедно, ФФМ укажува дека во изминатите денови, управата на ФК Шкупи неточно праќаше информации во „Куќа на фудбалот“ за четири различни стадиони на кои наводно ќе го одигра натпреварот, со што дополнително создаде погрешна слика за состојбата. ФФМ е должна да ги почитува пропишаните регулативи и тоа ќе го прави во целост. Се надеваме дека ФК Шкупи ќе ја надмине актуелната состојба и наскоро ќе создаде услови за нормално одвивање на натпреварите, стои во соопштението на ФФМ.

Евентуален службен пораз за Шкупи на два натпревара ќе значи и усклучување од ПМФЛ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии
Следна Статија Турски државјанин пoчинал во хотел на Бит Пазар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Пијам секој ден и ќе ви кажам зошто? Ме викаа Император, ме носеа на фенси вечери, а јас само сакав да бидам во моето маало

Адријано Леите Рибеиро зборува за своите животни искуства откако ги обеси копачките во The Player's Tribune во „Писмо до мојата…

November 13, 2024
СПОРТ

Македонија вечерва ја пречекува Белгија во мундијалските квалификации

Македонската машка фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.…

June 6, 2025
СПОРТ

Мукаетов за претстојниот Мундијал: Би бил задоволен со три победи

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов посакува националниот тим да избори учество во втората фаза на претстојното Светско…

January 3, 2025
СПОРТ

(Видео) Победата на Барселона кај Мајорка во сенка на судиските одлуки

Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (3:0), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?