Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силно невреме доаѓа во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силно невреме доаѓа во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме доаѓа во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град

Објавено August 17, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина, денес (недела 17 август) во попладневните часови локално, а утре (понеделник 18 август) на повеќе места ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие денес (недела 17 август) ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, а утре (понеделник 18 август) ќе бидат уште малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Поради многу нестабилното време апелирам во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили. Тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Победата на Барселона кај Мајорка во сенка на судиските одлуки
Следна Статија Зеленски го отфрли планот на Путин и Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција

Везилка – Националната фабрика за вештачка интелигенција денеска ќе биде официјално претставена од Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ)…

June 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ стартува од 1 јануари, еве од кога почнува пробниот период

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА, меѓудругото, говореше и за проектот „Безбеден град“, кој почнува со…

September 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тројцата екс градоначалници на Кочани спроведени од полициска станица во суд

Тројцата поранешни градоначалници на Кочани, меѓу кои и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев и…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Учебници ќе има од 1 септември, родителите да бидат спокојни

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека од 1 септември учебници ќе има. Сите можат да бидат спокојни…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?