Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ да го праша Филипче како му е на јахтата, пред да зборува за стандардот, реагираат ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ да го праша Филипче како му е на јахтата, пред да зборува за стандардот, реагираат ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

СДСМ да го праша Филипче како му е на јахтата, пред да зборува за стандардот, реагираат ВМРО-ДПМНЕ

Објавено August 17, 2025 18:55
Сподели
Сподели

СДСМ пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Венко Филипче како живее, бидејќи тоа што го зборувз СДСМ и тоа што го прави Филипче не соодветствуваат едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата се стига до јахти, облакодери и до акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите“, соопшти СДСМ.

Кога се зборува за економија и за животен стандард, СДСМ треба да се скрие и да молчи, се вели во соопштението.

„Од земја на раб на банкрот во времето на СДСМ, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции. Разликата е јасна. Со СДСМ се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Кузеска денеска рече дека филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво се најголемо потценување и навреда за народот.

„Мицкоски ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Сака да им каже дека тие не знаат дека во изминати 6 месеци платите божем им пораснале за 66% или 110% за последните десет месеци? Вакви фантазии не постојат во македонската економија. Напротив. Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја живеат суровата реалност: цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат“, рече Кузеска.

И официјалните податоци целосно го демантираат Мицкоски, додаде таа.

– И минималната плата во Македонија е на дното на Европа и на Балканот. Во Босна и Херцеговина е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора 600 и 800 евра. А Владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да се зголеми на 500 евра. Наместо тоа, работниците добиваат трошки, леб и сол. Додека Мицкоски зборува за четврта економија во Европа и шеста економија во свет по инвестиции, реалноста е сосема спротивна. Македонија е четврта во Европа, но одзади, на листата на најсиромашни земји. Филмовите на Мицкоски не ја хранат сиромаштијата, не ја плаќаат потрошувачката кошница и не им носат подобар живот на граѓаните – рече Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги
Следна Статија Најдобри појадоци за здрав дигестивен тракт: Цревата ќе ви бидат благодарни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Mицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни блокади, поради што се доведува во прашање интегритетот на самиот процес

Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство кое се градело со…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

Дали се подготвува “Прво граѓанско востание”?

Денес, иако се обидовме, не успеавме да добиеме ниту потврда, ниту негација на веста за можната кандидатура на тандемот Емилијан…

April 16, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) ОВОЈ СРАМ НА ЗАЕВ И СДСМ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Цар Самоил е пуно шетао, и Кирил и Методиј су радили исто такви ствари

Денеска Македонија го слави Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, а по повод празникот се одржа и свечена…

May 24, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Орце ќе има тешка задача, но го познавам и знам каков работник е

Првата задача на Орце ќе биде да го исчисти главниот град од ѓубрето и депониите, рече на митингот во Скопје…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?