Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсени пијани возачи, двајца предизвикале сообраќајка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсени пијани возачи, двајца предизвикале сообраќајка
ХРОНИКА

Уапсени пијани возачи, двајца предизвикале сообраќајка

Објавено August 17, 2025 19:02
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека се лишени од слобода возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, кои возеле под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни несреќи. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Полицијата вчера во 12:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Неготино го лишила од слобода Е.Л.(55) од Неготино затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко возило „рено“ со неготински регистарски таблици под дејство на алкохол. На лицето му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта.

Синоќа во 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(24) од Кавадарци. При вршење увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.

Полицијата ноќеска околу 00:45 часот на улица „Цветан Димов“ во Скопје го лишила од слобода А.С. (49) од Скопје затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол. Му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:25 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, го лишиле од слобода Г.В.(48) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, констатирале дека Г.В. управувал патничко возило „форд“ со кумановски регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.

На улица „Св. Нектариј Битолски“ во Битола, синоќа во 22:15 часот бил лишен од слобода О.В.(48) од струмичкото Баница затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски таблици, под дејство на алкохол. На лицето му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најдобри појадоци за здрав дигестивен тракт: Цревата ќе ви бидат благодарни
Следна Статија Кандидатот за градоначалник на Карпош: Подземните гаражи во Карпош мора да ја добијат својата намена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба

Три лица, меѓу кои 11-годишно дете, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на експресниот пат Прилеп-Градско,…

July 13, 2025
ХРОНИКА

УЖАС ВО ТЕТОВО: Силувани две малолетнички, едната ја принудувале на секс со други лица

МВР информира дека вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во село…

July 3, 2025
ХРОНИКА

Кривична за директор на ГТЦ и три други лица: Еве како направиле штета од околу 500.000 евра

На 17.12.2024 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал…

December 17, 2024
ХРОНИКА

Жена од Крива Паланка си го истепала сопругот за Нова година

Денеска (01.01.2025) во 01.36 часот во ОВР Крива Паланка, 37-годишен маж пријавил дека околу 01.00 часот во семејниот дом во…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?