Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра
БАЛКАН

На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра

Објавено August 18, 2025 12:38
Сподели
Сподели

Половина тон од наркотична супстанца Кат (Khat) позната и како „природен кокаин“, бил откриен и запленет на атинскиот аеродром Елефтериос Венизелос, а се проценува дека вредноста на дрогата е околу 1,5 милиона евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Кат се добива од растението Catha edulis што се одгледува во источна Африка и во јужниот дел на арапскиот полуостров.

Дрогата на атинскиот аеродром била скриена во четири пратки со стока декларирана како завеси, чаршафи и ткаенини, кои транзитирале од Израел со крајна дестинација САД, а како што соопштија од ААДЕ била откриена при проверките што ги спроведуваат инспекторите на Секторот за борба против шверц при царината на аеродромот во Атина.

Од ААДЕ посочија дека „станува збор за најголемото количество на конкретната дрога, откриено досега“.

Пред повеќе од десет години, односно на 4 декември 2014 година, исто така на атинскиот аеродром биле откриени 458 килограми, а последното запленување на Кат било во 2022 година, на истиот аеродром, кога биле откриени 34 килограми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест
Следна Статија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Европратеникот Белери нападнат со јајца и јогурт на излез од парламентот во Тирана

Пратеникот во Европскиот парламент, Фреди Белери кој беше градоначалник на јужната албанска општина Химара беше гаѓан со јогурт и јајца…

October 30, 2024
БАЛКАН

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ќе била во ЕУ

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во Тирана ги повика странските инвеститори да дојдат во Албанија, која, како што рече,…

May 17, 2025

Онеида нацијата ги откажува договорите со ICE по реакциите на јавноста

На 2 јануари, претседателот на Онеида, Техаси Хил, истакна дека советот на племето не бил свесен за договорите меѓу ICE…

January 4, 2026
БАЛКАН

Денеска пресуда за мајката и таткото на Коста Кецмановиќ кој уби 9 ученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград

Вишиот суд во Белград денеска треба да ја соопшти пресудата на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое на…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?