Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори
ПОЛИТИКА

Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори

Објавено August 18, 2025 18:23
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник и екс-амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, смета дека Македонија е во политичка криза и дека владата е нефункционална бидејќи нема Бадинтерово мнозинство, така што неговите очекувања се по локалните да има и вонредни парламентарни избори.

„Изминатиов викенд и дефинитивно стана јасно дека, во мугрите на одржувањето на локалните избори, предвремени парламентарни избори во нашата земја стануваат неопходност. Владејачкото мнозинсто е светлосни години далеку од потребното Бадентеровото мнозинство, што само по себе е индикатор за постоење на политича криза и доказ дека големиот број на пратеници кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ не значи ништо ако не се поседува квалитет за менаџирање на политичките процеси. Навидум стабилните бројки во парламентот не значат и стабилен систем.

Одлуките за кои ќе биде неопходно мнозинство гласови од заедниците тропаат на врата, при што за неможноста и неможноста да се избере Народен правобранител, Брисел веќе губи трпение.

Саботниот дебакл на владејачката коалиција во Собранието недвосмислено покажа дека претстои период на реална нефункционалност и дека се разнишани ‘стабилните’ темели што премиерот тврдеше дека ги изградил во првата година од неговиот мандат. Ако се ова тие темели за иднината, тогаш е јасно дека со оваа и ваква влада, Македонија нема никаква иднина. Токму затоа, иако се подготвува за локалните, очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредните парламентарни избори“, пишува Жерновски на социјалните мрежи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Независната кандидатка Билјана Ивановска утре ќе оди на распит во Обвинителството
Следна Статија (ВИДЕО) Кучето кое беше врзано и влечено со автомобил во Крива Паланка е згрижено во ЈП „Лајка“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Милошоски: „Стратегијата Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ како ново поглавје за стабилност и развој на државата

„Дозволете ми денес да истакнам дека на вчерашниот Конгрес во Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ ја усвои стратегијата „Ново поглавје –Македонија 2030“, тоа…

December 7, 2025
ПОЛИТИКА

„Нема учебници за учениците“, СДСМ бара оставка од Јаневска

Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници ученици. Ова е најдобар доказ за целосната…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави кадровски промени во СДСМ, ама тој оставка не дава

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва најави кадровски промени во партијата и го истакна задоволството дека ВМРО-ДПМНЕ изгуби голем број…

November 2, 2025
ПОЛИТИКА

Костадинов со јавен повик до струмичани, еве што подготвува

Откако своето членство во СДСМ го стави во мирување бидејќи партијата со друг кандидат излегува на претстојните локални избори, актуелниот…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?