Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски
СВЕТ

Трамп иницира трилатерална средба со Путин и Зеленски

Објавено August 19, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Средбата во Белата куќа меѓу Трамп и Зеленски заедно со европските лидери и генералниот секретар на НАТО ги отворија вратите за трилатерален состанок за ставање крај на конфликтот во Украина. Американскиот претседател објави дека САД ќе дадат безбедносни гаранции за Киев и најави подготовка за тет-а-тет средба Путин-Зеленски, но и состанок со негово учество.

„Веќе работиме на организирање средба. А потоа, ако тоа оди добро, се надеваме дека следниот состанок ќе биде состанок меѓу претседателите Путин, Трамп и Зеленски каде што се надеваме ќе финализираме договор. Не велам дека ќе ја напуштат таа соба со мировен договор. Но, мислам дека фактот што луѓето сега разговараат едни со други, не се случуваше три и пол години“, изјави Марко Рубио, ржавен секретар на САД.

Телефонскиот разговор Трамп-Путин го потврдија и од Кремљ. Зеленски подготвен за разговори со Путин. Вели дека учеството на САД во безбедносните гаранции е голем чекор за Киев.

„Москва предложи прво билатерален состанок Украина-Русија, а потоа – трилатерален. Ние сме подготвени за какви било формати на ниво на лидери, бидејќи само на ниво на лидери можеме да ги решиме сите комплицирани и болни прашања. Прашањето за териториите е прашање што ќе го оставиме меѓу мене и Путин“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Европските лидери задоволни по средбата во Белата куќа. Велат-посветеноста на САД кон безбедноста на Украина го гарантира клучниот исход од разговорите во Вашингтон.

„Се согласивме за неколку важни точки. Првата и најважна е посветеноста на САД за понатамошен развој на безбедносните планови. Беше договорено дека ќе соработуваме со САД за содржината на овие безбедносни гаранции и соработката што секоја страна е подготвена да ја обезбеди“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

„Беше договорено дека „Коалицијата на подготвените“ сега ќе соработува со САД за координирање на тие гаранции. Веќе ги ангажиравме нашите тимови. Тоа е навистина важно за безбедноста во Украина, во Европа и за безбедноста во Обединетото Кралство“, изјави Кир Стармер, премиер на Велика Британија.

„Она што го дискутираме овде не е членство во НАТО, туку безбедносни гаранции од типот Член 5 за Украина, а што точно ќе подразбираат ќе биде дискутирано во наредните денови. Јасно е дека за Украина да размисли што да прави следно кога станува збор за територија, важно е да се знае и каква ќе биде ситуацијата со безбедносните гаранции“, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Трилатералниот состанок меѓу Русија, Украина и САД го оценија како историски чекор. Но сè уште велат, постојат разлики во ставовите меѓу Европа и Русија за потребата од прекин на огнот.

„Вистински преговори можат да се одржат само на самит на кој учествува и самата Украина. Таков самит е замислив само ако оружјето замолчи. Дали рускиот претседател ќе има храброст да присуствува на таков самит, не знаеме. Затоа, е потребно убедување“, изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија.

Европските сојузници потврдија дека не се разговарало за руското барање Киев да отстапи дел од териториите, нагласувајќи дека тоа е одлука што Украина ќе ја донесе самостојно во преговорите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За подметнување пожари досега се приведени 39 лица
Следна Статија Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Русија: Украинците го нападнаа нуклеарниот реактор во Чернобил

Русија денеска го нарече „провокација“ од Киев за уценување на Западот да му испрати повеќе оружје, обвинувањето на Украина дека…

February 14, 2025
СВЕТ

Форин офисот ги предупредува британските граѓани за зголемен тероризам во Македонија

Британскиот Форин Офис издаде предупредување до британските државјани кои планираат да ја посетат Македонија, поради зголемен ризик од тероризам во…

February 6, 2025
СВЕТ

Бербок за три месеци потрошила 20.000 евра за шминка

Според информациите до кои дошол Билд, цитирајќи владини податоци, екс-германскиот канцелар Олаф Шолц одвоил речиси 590.000 евра јавни средства за…

July 20, 2025
СВЕТ

(Видео) Руски беспилотни летала погодија станбени згради и супермаркет во Киев, двајца загинати

Најмалку две лица загинаа во Киев во напад што беше извршен ноќеска од страна на Русија. Лицата загинале кога остатоци…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?