Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО
ХРОНИКА

Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

Објавено August 19, 2025 18:15
Сподели
Сподели

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомневање за сторено кривично дело криумчарење и спречување службено лице во вршење службено дејствие, казниви по Кривичниот законик.

Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин. Лицето, со намера незаконски да ја избегне царинската контрола, одбило да го запре возилото пред царинскиот службеник и со зголемена брзина се упатило кон рампата, со што го попречило во извршување на службеното дејствие.

При запирањето на возилото, истото било селектирано за детална контрола, при што биле пронајдени 13 кутии со 312 лименки со вкупно 78 килограми тутун за наргиле. Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која не биле платени давачки во висина од 508.048 денари.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое по преземените предистражни дејствија поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се судрија четири возила на патот Охрид – Кичево, тројца се повредени
Следна Статија Што открива твојот подзнак за твојот карактер?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Девојка загинала на скопска обиколница: Паднала од надвозникот и починала

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршиле увид на местото на…

January 2, 2025
ХРОНИКА

Измама како на филм: Кумановец изгуби над милион денари по лажна продажба на градежни машини

Маж од Куманово пријави измама во која загубил 1.110.000 денари. Според информациите од СВР Скопје, 35-годишниот пријавител бил контактиран преку…

October 15, 2025
ХРОНИКА

Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за смртта на Јорго Ќука

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на…

January 2, 2026
ХРОНИКА

Спасени четири лица откако им се скршил дел од едрилицата во Охридското езеро

На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?