Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: „Невладиниот сектор ќе биде вистински партнер на градот“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски: „Невладиниот сектор ќе биде вистински партнер на градот“
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: „Невладиниот сектор ќе биде вистински партнер на градот“

Објавено August 19, 2025 20:50
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа средба со претставници на невладините организации и здруженијата на граѓани од главниот град. На средбата, како што информира тој, се разговарало за клучните предизвици со кои се соочуваат скопјани, но и за идните решенија кои може да се применат врз основа на европските практики.

„Остваривме искрен и отворен муабет за проблемите од минатото, но уште поважно – за конкретните идеи за иднината. Невладините ни дадоа значајни предлози во областа на животната средина, хигиената, социјалната заштита, културата, младите, како и за лицата со инвалидитет, ретки и хронични болести“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека сите предлози се внимателно забележани и дека ќе бидат интегрирани во неговата програма за Скопје.

„Верувам дека вистинскиот пат е партнерски однос – заедничка работа, почит и визија за достоинствено Скопје. Во мене секогаш ќе имаат пријател и човек за искрена соработка“, порача Ѓорѓиевски.

Кандидатот за градоначалник оцени дека градот заслужува повеќе и додаде дека со заедничка работа „ќе се врати достоинството и ќе се изгради Скопје какво што сите сакаме“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алармантна е состојбата во Србија – Вучиќ го свика Советот за безбедност
Следна Статија Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мечка нападна стадо овци кај село Крклино, битолско

Мечка утрово нападна стадо со овци кај Крклино, битолско, објави градоначалникот Тони Коњановски. Ве информирам дека утрово околу 9:30 е…

May 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте

Како Влада веќе шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте со 3,5 проценти во просек, истакна премиерот Христијан…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Лами: Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Македонија

Ја зајакнуваме соработката со Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата Х секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за последната теренска анкета на ИПСОС направена за партијата: Довербата на граѓаните не обврзува на резултати

„Ние како политичка партија генерално најмалку 2 пати, а некогаш и 3 пати месечно го мериме јавното мислење. Најмалку еднаш…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?