Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“
ХРОНИКА

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

Објавено August 20, 2025 16:42
Сподели
Сподели

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт против Б.Н. во предметот „Адитив“, отфрлајќи ги приговорите на одбраната. Истовремено, поднесен е обвинителен предлог против уште три лица за кривично дело „оддавање службена тајна“, а се разгледува и можноста за спојување на обвиненијата.

Ја информираме јавноста дека Советот за оцена на обвинителен акт со КОК ООА 47/25 против Б.Н. за кривичните дела од чл. 394, чл. 275-в и чл. 273 од КЗ поднесен како продолжение на истрагата во предметот познат како „Адитив“, донесе решение со кое приговорите на обвинетиот поднесени преку неговите бранители се одбиваат а обвинителниот акт се одобрува во целост, стои во соопштението од Кривичен.

Оттаму дополнуваат дека заедно со конкретниот обвинителен акт, до судот од страна на ОЈО ГОКК бил поднесен и обвинителен предлог против Б.П.М., Т.Д. и М.С. за кривичното дело од чл. 360 од КЗ – Оддавање службена тајна, кој предлог не подлежи на оцена.

Дополнително, поднесено е и барање за спојување на обвиненијата со предметот „Адитив“, за кое, како што соопштуваат од Кривичен, ќе се одлучува во наредниот период.

Предметот „Адитив“ е поврзан со злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра.

Истрагата опфаќа над 30 лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, а обвиненијата вклучуваат злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.

Судењето продолжува утре во КПУ Идризово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
Следна Статија Ќе се регулира работењето со брзи кредити, најави Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Палевски тврди: Само тројца учествувале во грабнувањето на Панче, а не четворица

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. Во…

May 16, 2025
ХРОНИКА

Сарај: За само 30 секунди „однеле“ 52 мобилни

Две маскирани лица ограбиле продавница за мобилни телефони во скопски Сарај, одземајќи вкупно 52 уреди. , објави 4NEWS.mk Од безбедносните камери…

July 31, 2025
ХРОНИКА

41-годишник возел низ Кавадарци со 1,54 промили алкохол во крвта

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци – полицијата рано утрово лишила од слобода кавадарчанец, информираа претпладнево од…

November 16, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО)Пожар во отпадот за старо железо „МИКОМП“ кај Прилеп

Денеска избувна пожар во депонијата за старо железо на компанијата „МИКОМП“, лоцирана на излезот од Прилеп, во близина на бензинската…

November 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?