Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија
ХРОНИКА

За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија

Објавено August 21, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам.

Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија. Веднаш по приемот на заканата од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам биле активирани протоколите за антитерористичка проверка и по неколкучасовна проверка е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Осомничениот со својата постапка создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно со активирање на протоколите за антитерористичка проверка го пореметил и севкупниот воздушен сообраќај.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот образложувајќи ги околностите што го оправдуваат предлогот и упатуваат на тоа дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство на осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе биде ли Бети Стаменкоска Трајкоска кандидатка за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО ДПМНЕ?
Следна Статија Израел ја започна копнената офанзива во Газа – жителите масовно ја напуштаат територијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани

Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот  што избувна вчера доцна попладне…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во летниковец на Водно

На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат…

May 24, 2026
ХРОНИКА

Почина возач на Брза помош од Кочани кој вчера неуморно цел ден пренесуваше тешко повредени

Утрово Кочани и јавноста ја разбуди нова трагична вест за загуба на млад живот. Имено колегите и вработените во Општата…

March 17, 2025
ХРОНИКА

Пронајдена дрога на покривот на затворот Идризово

Вчера во 13.55 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје било пријавено дека околу 13.00…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?