Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен

Објавено August 21, 2025 13:17
Сподели
Сподели

Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен, обелодени на прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски:

Преку свиркачи, добивме информација за која СДС и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата која има добиено 270 илјади евра преку Еразмус +, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен.

Дали е точна информацијата, дека раководителката на одделението за буџетска контрола во Еразмус +, Маја Колеќеска, вработена од страна на Лидија Димова, лично интервенирала за овој проект?

Ако е точна оваа теза, треба да се постави и прашањето, зошто фирмата на Златковски В.Е.З. Трејд била одбиена, па потоа прифатена? Дали блискоста на триото Колеќеска-Димова-Златковски довело до злоупотребување на службената положба, и грантот од одбиен, станал одобрен.

Исто така, дали овој проект бил пониско рангиран од останатите кои имале повеќе бодови, меѓутоа бил одобрен поради блискоста на Димова и Златковски, која можеме да ја видиме на оваа фотографија?

Лицемерно е СДС да зборува за криминал и корупција, кога тие се предвесници на криминалот и корупцијата. За СДС никогаш нема одговорност, затоа што тие купуваат судии, потплаќаат обвинители, даваат грантови на професори и нивни активисти.

Затоа, народот кога ќе ја слушне кратеницата СДС, првата асоцијација им е криминал и корупција, рече Манасиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова потенцијална инвестиција на хрватската ЕЛКА, компанија за високонапонски кабли
Следна Статија Мицкоски: За мерката млад земјоделец има 117 апликанти со вредност од 70 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Средба на Мицкоски со претставници на Вреди вечерва во Владата

Вечерва во Владата се одржува средба на премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен), објавува…

May 6, 2025
ПОЛИТИКА

Кичевски од СДСМ најави формирање на нова партија

Од група луѓе кои во суштина се СДСМ, луѓе кои не можат да бидат ништо друго освен СДСМ, вие правите…

July 4, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ бара владата да ги поништи тендерите за мерење рејтинзи и да ги пренамени парите за Кочани

Власта манифестира нечуствутелност и расипништво во време кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај и се во колективна тага, реагира…

March 29, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог

Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност а потоа одбива секаков предлог,…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?