Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер
МАКЕДОНИЈА

Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер

Објавено August 21, 2025 14:29
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на Буџетот до компаниите е доставена фер понуда за начинот на враќањето на солидарниот данок што го воведе претходната влада, но Законот за оваа давачка беше поништен од Уставниот суд. До компаниите е доставен предлог исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати – во март 2026 и март 2027 година. Доколку правните лица не се согласат, ќе се изнајде друг соодветен модел на повеќе рати (до пет), со почеток од март 2026.

Мицкоски, во одговор на новинарско прашање, денеска рече дека има компании што прифаќаат и поинакви услови и оти се различни впечатоците. Изрази жалење што, како што рече, „поради законодавството и актуелната гарнитура во Судскиот совет и во Обвинителството не одговраат тие што душмански трошеле народни пари“.

– Да, изминатиот период се преговараше и се остварија состаноци со голем дел од компаниите. Таква била среќата јас би рекол и покрај тоа што тогаш од опозиција најголем дел од јавноста апелираше да не се однесуваат така насилнички како што се однесуваше претходната Влада и антиуставно и спротивно на закон, тие не слушаа. Мене ми е жал што ни е такво законодавството и оваа гарнитура во Судскиот совет и Обвинителството која не повикува никого на одговорност. Тoа се сепак народни пари, ваши пари, вие ќе треба да ги враќате парите што некој ги трошел на незаконски и неуставен начин, рече Мицкоски.

Направивме, дополни Мицкоски, проекција како да не биде загрозена ликвиодноста на Буџетот и мислам дека понудата којашто е дадена е фер.

– Има, нормално, компании што прифаќаат и поинакви услови, и кои што негодуваат, различни се импресиите и впечатоците, но генерално можам да кажам дека состојбата е таква, да тоа што го направи минатата влада на СДСМ и ДУИ на незаконски начин и неуставно ќе треба да го врати оваа Влада и жалам што тие што го направија тоа не одговараат пред законот бидејќи душмански трошеа народни пари, рече Мицкоски.

Министерството за финансии, како што објави претходно ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, постапува по задолжение на Владата за решавање на состојбата со компаниите кои уплатија средства врз основа на Законот за солидарен данок.

– До компаниите е доставен предлог исплатата да се изврши во две рати – во март 2026 и март 2027 година. Доколку правните лица не се согласат, ќе се изнајде друг соодветен модел на повеќе рати (до пет), со почеток од март 2026.
Во моментов тече процесот на прибирање на одговори од компаниите. Министерството ќе ги разгледа и ќе ја информира Владата за постигнатите резултати, со цел започнување на постапката за враќање на средствата, напиша Димитриеска Кочоска во објава на Фејсбук.

Во 2023 година, 156 компании уплатија над 3 милијарди денари по основ на Законот за солидарен данок, а Уставниот суд на 5 февруари годинава донесе одлука да го поништи Законот за данок за солидарност.

Според Уставниот суд, Законот не ја гарантира правната сигурност на субјектите кои се опфатени со него. Со впуштање во уредување односи коишто претходно веќе биле уредени и завршени, Судот утврдил дека се создава правна несигурност за даночните обврзници и нивните легитимни очекувања, а со тоа и повреда на владеењето на правото и на уставно загарантираното право на сопственост кое е неприкосновено. Правата што произлегуваат од него никој никому не може да ги одземе или ограничи.

– Според содржината на член 2 од Законот, причините за воведување на данокот се непредвидливи и неповолни економски околности во државата, што според Судот се нејасни критериуми. Во истата одредба, како „оправдување” на солидарноста, се појаснува дека Законот се заснова на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност според кои секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности, наведе Уставниот суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу: Министерство за здравство ќе формира комисија за стручен надзор од експерти од странство за укажувањата од Кедев
Следна Статија Лукровски „Со љубов за Карпош“: Транспарентно носење ДУП-ови во интерес на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со двојно поголем буџет, Мицкоски сака македонските универзитети да влезат во првите 1.000 на Шангајската листа

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека буџетот за науката е двојно зголемен во споредба со минатата година, достигнувајќи околу 650–660 милиони…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пола Македонија слави, пола оди на слава- денеска е Свети Никола

Денес православните христијани го одбележуваат празникот Свети Никола, една од најраспространетите семејни слави меѓу Македонците, но и меѓу останатите православни…

December 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

По повод Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштуваат од ЈСП Скопје. Жичницата…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?