Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР, ја враќаме довербата на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР, ја враќаме довербата на граѓаните
Blog

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР, ја враќаме довербата на граѓаните

Објавено August 21, 2025 15:43
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Ропотово, Општина Долнени прилепско, пушти во употреба нова канцеларија на Управни служби на МВР која ќе ги опслужува жителите во Општина Долнени и околните населени места.

Министерот Тошковски потенцираше дека со овие седми по ред канцеларии за управни служби министерството за внатрешни работи ги доближува се повеќе своите услуги за граѓаните.

„Со оваа канцеларија во Долнени над 15.000 граѓани коишто припаѓаат на Општина Долнени заедно со граѓаните од дијаспората, ќе имаат право и можност сите услуги коишто се поврзани со управните служби како што е вадење на патна исправа, лична карта или возачка дозвола ќе можат да ги остварат во рамки на својата општина, многу поблиску до местото на живеење. Со што имаме двоен ефект, многу поблиска услуга до граѓаните од овој регион а и растеретување на канцеларијата во Прилеп која досега ги опслужуваше овие граѓани. Овие се седми по ред отворени канцеларии на управни служби и доколку има потреба од нови секако ќе реализираме. Ветивме дека ќе овозможиме подостоинствени, побрзи и подостапни услуги за граѓаните и тоа го остваруваме.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека досегашните искуства од веќе отворените канцеларии се одлични, граѓаните се исклучително задоволни да можат да ја остварат својата услуга близу до својот дом, без да патуваат подолго и фактот што гужвите со тоа се намалени и услугите ги добиваат достоинствено и ефикасно.

Министерот Тошковски исто така го посети и ОВР Прилеп каде се запозна со фактичката состојба поврзана со безбедноста, условите и предизвиците на прилепската полиција.

„Има подобрување во делот на сообраќајот и вкупниот криминалитет, но и понатаму треба да се работи особено во делот на враќање на довербата на граѓаните во полицијата, којашто во изминатите години била целосно изгубена како резултат на спрегата со определени криминални структури.“, истакна на крај министерот Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Локализиран пожарот во бараките во Карпош 4
Следна Статија Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун, лишени од слобода две лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Цукерберг: Тажно е што Мета не може да го претстави напредокот во развојот на вештачката интелигенција во ЕУ

Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, објави на социјалната мрежа Threads дека е „тажно“ што неговата компанија не може да…

December 19, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Овен – вторник, 11 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Овните уживаат во освежувачки момент на ослободување од негативни мисли кои отвораат пат кон радост…

February 11, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Вага – четврток, 6 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Деновите на Вагинарот може да бидат полни со стекнување јасност преку саморефлексија. Карактеристиките кај Вагите…

February 6, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Овен – сабота, 15 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Сега е најважнијот момент да се концентрирате на создавање можности за духовен развој. Поддржани од…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?