Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бектеши: Можни се тензиите по укинувањето на балансерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Бектеши: Можни се тензиите по укинувањето на балансерот
ПОЛИТИКА

Бектеши: Можни се тензиите по укинувањето на балансерот

Објавено October 13, 2024 13:00
Сподели
Сподели

ДУИ предупредува на зголемување на тензиите откако беше укинат „балансерот“ за етнички вработувања.

Екс-министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека разговорите за датумот на најавените протести сè уште се во тек.

Тој нагласи дека законот за правична застапеност ќе добие поддршка само доколку ги гарантира правата на сите заедници.

„Не сакам да го коментирам овој закон, бидејќи негативно влијае на меѓуетничките односи во државата. Треба да се внимава при носењето на вакви сензитивни одлуки кои не ја водат државата напред, туку ја враќаат назад, пред Охридскиот рамковен договор, кога можеа да растат тензиите. За жал, ДУИ интензивно работи за тоа да не се случи, бидејќи наш приоритет е интеграцијата на државата во Европската Унија“ изјави Бектеши.

Во однос на прашањето дали ДУИ ќе подржи Закон за правична застапеност како замена за „балансерот“, Бектеши рече дека ако новиот предлог е добар за сите етнички заедници вклучително и за македонската секако дека ДУИ ќе го поддржи.

„Но, ние треба да имаме драфт на тоа законско решение иако и тој закон треба да има некој механизам кој ќе биде рамноправен за сите етнички заедници да можат да бидат претставувани“, додава тој.

Бектеши смета дека „оваа влада секојдневно прави толку скандали што секој ден по еден протест би требало да се одржи од страна на граѓаните“.

Прашан дали ова ќе биде обидот за дестабилизација кој го најавуваше премиерот Мицкоски, Бектеши вели дека Мицкоски од првиот ден откако е станат премиер кажува дека ДУИ организира можна дестабилизација.

„Јас мислам дека потезите на Мицкоски и коалицијата Вреди водат кон дестабилизација и тие самите сакаат да дестабилизираат“, вели Бектеши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изгореа седум автомобили во Скопје
Следна Статија УЈП ја објави најновата листа на должници: Еве кои фирми и физички лица најмногу должат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Росоман

Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Росоман

October 13, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
ПОЛИТИКА

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на…

July 18, 2025
ПОЛИТИКА

На ДУИ полицијата и е виновна што Албанци го палеа македонското знаме

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?