Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ ќе прави саем за отчет на градоначалниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ ќе прави саем за отчет на градоначалниците
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ќе прави саем за отчет на градоначалниците

Објавено August 22, 2025 17:03
Сподели
Сподели

Одговорноста и отчетноста пред граѓаните се врвен императив на ВМРО-ДПМНЕ и водилка во сите процеси на партијата, тврдат од оваа партија најавувајќи за викендов, како што го насловија, саем за отчет на нивните градоначалници.

– Дадениот збор и проектот ставен во програма се обврска која секогаш ги исполнуваме. Затоа кога ќе заврши еден циклус секогаш даваме отчет за сработеното. Еден таков циклус од 4 години мандат на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ тукушто навршува, истакна на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

Според него, општините биле затекнати во дебели минуси, голем дел со блокирани сметки и проблеми, но сите успеале да ги надминат овие состојби и да постигнат успех.

-Тој успех сакаме и тие постигнувања ќе бидат промовирани овој викенд. Имено овој викенд на 23 и 24 Август, во Скопје, во Хотелот Холидеј Ин ќе се одржи Саем – Отчет под мотото ,,4 години работа за тебе” на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.Настанот започнува на 23 ( сабота ) во 11 часот, по што обраќање со цел отворање на настанот ќе има Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Во текот на првиот ден ќе имаме панел дискусии на градоначалниците поделени по региони, на кои тие ќе го презентираат сработеното. Воедно секоја општина ќе има свое катче, штанд, на кој граѓаните и новинарите ќе може да пристапат и да се запознаат одблиску со работата на градоначалникот на дадената општина и неговата администрација.Вториот ден во недела, настанот започнува во 10 часот, и ќе има низа панел дискусии меѓу кои панел дискусии за 4 години развој и прогрес, инфраструктурни инвестиции, вклученоста на граѓаните во носењето одлуки, и меѓународната соработка.

На саемот граѓаните ќе можат да се запознаат во детал за сработеното во изминатите 4 години, одблиску ќе ја видат трансформацијата на општините во однос на 2021 и сега.Разликата е огромна, таа е мерлива. Разликата и резултатите се тоа што не разликува од сите политички противници. Ветените и реализирани проекти се работи кои не симболизираат.Македонија на локално ниво во изминативе 4 години доживеа вистинска трансформација. Промените се реалност, порача Сајковски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конечно ќе се потврдат нашите тврдења за исправност во работењето, велат од Стоматолошката комора
Следна Статија Муцунски: Владата работи на европската интеграција, ред е и ЕУ да покаже посветеност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје, наредната недела ќе ги објавиме сите кандидати

ВРЕДИ ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје, како и за Општина Чаир, во Струга ќе го поддржи независниот…

July 24, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави дека СДСМ следната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници

 Во текот на следната недела СДСМ ќе објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници од оваа партија за локалните…

June 9, 2025
ПОЛИТИКА

Дали Ахмети се закани со дестабилизација и војна? Aко се чепнел албанскиот jaзик ќе немало локални избори

АлиАхмети индиректно повика на дестаблизација на земјата доколку Уставниот суд чеплнел во Законот за јазици на седницата која треба да…

March 3, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулира со народот

Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?