Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Објавено August 23, 2025 13:56
Сподели
Сподели

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и раст на трошоците за граѓаните, велат од СДСМ.

„Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните. Наместо развој и проекти, донесоа само тендерски скандали и партиски злоупотреби на народните пари“, истакнаа од СДСМ.

Според партијата, низ општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се испумпувале пари преку фирми блиски до власта, додека јавноста добила сведоштва за неприродни тендерски процедури каде што едни исти компании редовно се јавуваат како единствени понудувачи.

„Наместо да се подобри животот на граѓаните, тие воведоа поскапи сметки за вода, канализација и смет, како и повисок данок на промет. Општините Прилеп, Штип, Охрид, Битола, Гевгелија, Велес и други бележат значително поскапување на трошоците за граѓаните“, посочуваат од СДСМ.

Главниот град Скопје, според СДСМ, е симбол на урбана деградација: нечисти улици, хаос во јавниот превоз, нефункционални јавни претпријатија, над 150 незаконски дивоградби и узурпиран јавен простор.

„Клучното ветување за бесплатен градски превоз никогаш не се реализираше. Нема ниту 250 еколошки автобуси, ниту модерен транспорт“, велат од партијата.

СДСМ ја оцени локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ како неспособна, корумпирана и целосно оддалечена од потребите на граѓаните, додека локалните избори ги сметаат за шанса за „враќање на општините во служба на народот“.

„Локалните избори се шанса да се стави крај на четиригодишното разочарување, хаосот, нереализираните ветувања и криминалот“, велат од партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција и подобрување на капацитетите на Владата, ниту една функција не е вечна
Следна Статија Средба Божиновска – Рокас: Поддршка од ЕУ за ефикасна енергетска политика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Костадинов: СДСМ Струмица уште пред избори се позиционира како идна опозиција

СДСМ Струмица уште пред избори се позиционира како идната опозиција, коментира Костадин Костадинов, кого матичната партија СДСМ не го кандидираше…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

Чонески: Да ставиме крај на недомаќинското работење на актуелната локална власт во Крушево

Нико Чонески во вториот круг на локалните избори ќе се бори за градоначалничкото место во Крушево. За градот кој го…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да заврши со фантастична бројка од 60 градоначалнички мандати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

Песков: Будимпешта е избрана за место на самитот Путин – Трамп бидејќи Орбан е близок со двајцата лидери

Кремљ денеска соопшти дека Будимпешта е избрана за место за средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?