Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Оглас од Дубровник хит на „Фејсбук“: Можеби ќе продадеме бубрег за да платиме за станот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Оглас од Дубровник хит на „Фејсбук“: Можеби ќе продадеме бубрег за да платиме за станот
ЗАБАВА

Оглас од Дубровник хит на „Фејсбук“: Можеби ќе продадеме бубрег за да платиме за станот

Објавено August 23, 2025 16:47
Сподели
Сподели

На фејсбук-страницата „Станови за изнајмување во Дубровник“ овие денови се појави објава што ги насмеа оние што ја видоа.

Имено, на страницата Андреа Оберан и нејзиното момче објавија необичен оглас во кој бараат стан за долгорочен наем – и тоа во стил што ретко се гледа во морето од сувопарни огласи.

Огласот почна со духовит вовед:

„Бараме стан затоа што двајцата го сакаме Дубровник повеќе од нашите бубрези (и можеби ќе треба да продадеме еден за да го платиме)“.

Младиот пар јасно кажа што бараат: стан од најмалку 35 квадратни метри, со една спална соба, по можност во областа Лапад, Дубровничка жупанија, или во Цавтат. Посебен бонус би бил паркирањето бидејќи, како што велат, „им е здосадено да талкаат низ соседството и да плаќаат“.

Во огласот тие нагласија дека не пушат, дека немаат домашни миленици и дека чистотата не им е проблем затоа што Андреа работи од дома и, како што вели, има „благо опсесивно-компулсивно растројство, па станот секогаш ќе биде чист како аптека“. „И малку постерилен“, се пошегува таа.

Сепак, најголемата предност е скриена во ветувањето за идниот закупец или кој и да им го покаже идеалниот стан: домашна вечера со десерт и вино.

„За оној што ќе нè поврзе со нашиот иден стан – готвам вечера. Не зборувам за сендвич со тост, туку за домашен оброк, десерт и вино… затоа што хедонистот во мене секогаш бара можност за добар оброк и уште подобра приказна на маса“, напиша таа.

„Ако имате стан што ќе нè заведе и двајцата на прв поглед, а нема да нè собори кога ќе ја видиме цената – контактирајте нè“, додаде таа.

Покрај огласот што се прошири на социјалните мрежи поради неговата искреност и хуморот, многумина беа привлечени и од приложената фотографија со натпис: „Бубрези на продажба за изнајмување во Дубровник“.

На крајот од огласот Андреја им се обрати на закупците и ги замоли да не нудат станови во кои самите не би живееле велејќи: „Времето е пари – да не го трошиме залудно“.

„Да имав стан, дефинитивно, би ви го изнајмил, огласот е за 10“, „Да имав стан, по ваков оглас, би го дал бесплатно најмалку шест месеци“, „Со среќа во пребарувањето“, беа коментарите под огласот. „Со среќа, момци! Грижете се за вашите органи“, се пошегува некој

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Салвини до Макрон: „Стави шлем, панцир, земи пушка и оди во Украина“
Следна Статија Федерер стана милијардер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Дали сте Вага: Ова е сè што треба да знаете за овој хороскопски знак

Дали имате Вага во вашиот живот? Колку мислите дека ги познавате? Карактеристики на личноста Вагите се познати по нивната опсесија…

September 24, 2025
ЗАБАВА

Во една вечер паднаа Лото плус од 1,7 милиони евра и Џокер вреден 220 илјади евра во Србија

Во Лото плус играта во Србија синоќа падна главниот џекпот вреден над 1,7 милиони евра, како и џек-потот во играта…

April 19, 2025
ЗАБАВА

Четири хороскопски знаци кои се тешки за разбирање

Може да има повеќе причини зошто некои луѓе се потешки за разбирање од останатите, но доколку се земе предвид астрологијата,…

February 5, 2026
ЗАБАВА

Голем успех за македонската култура: Гајдата впишана на листата на УНЕСКО

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од денеска е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?