Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата
МАКЕДОНИЈА

Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата

Објавено August 24, 2025 09:28
Сподели
Сподели

Во Кочани повторно се одржа марш на родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Болни сцени, солзи и тишина ја обележаа поворката, при која родителите носеа фотографии од своите деца.

„Корумпираната држава ни ги украде децата. Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата. Ни го украдоа сонот, ни ја скратија иднината, а болката ја претворија во наша секојдневна реалност. Бараме правда за нашите деца, бараме крај на корупцијата, бараме животите на младите да не завршуваат во идни статистики“, пишуваше на еден од транспарентите.

Моето дете умре, беше убиено од систем кој не штити, туку убива“, порача друг транспарент.

Особено емотивна порака носеше Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, чиј роденден беше вчера: „Денес небото одекнува од твојата музика, синко наш. Слави го роденденот со ангелите.“

„Ние, родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“, стоеше напишано до фотографиите на загинатите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Седум часа ги читаше имињата на сите убиени деца во Газа, дури 12.227 жртви
Следна Статија Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Да се навратиме на вредностите на Свети Климент и да се сплотиме околу неговите заложби

Ако сакаме македонското општество да биде праведно и солидарно, а Македонија да ја направиме пристојно место за живеење мора да…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре-недела (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности…

January 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Министерот за одбрана и синдикатите на разговор за новиот колективен договор

Минстерот за одбрана Владо Мисајловски денеска имаше средба со претставници на синдикатите за изработка на нов колективен договор. Подобри услови…

June 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Промени за спасување животи – тестови за дрога, можност за трајно одземање на возило

Името на Фросина Кулакова стана симбол на неправдата која трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?