Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје

Објавено August 24, 2025 13:09
Сподели
Сподели

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски истакна дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се работи на целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје, кое би било готово во периодот 2028-2029 година со што позитивно ќе влијание на бизнис климата во Битола.

Во моментов работиме заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта еден огромен проект, целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје и секако со Грција. Тоа ќе значи дека некаде 2028-2029 година ќе има целокупно или автопатско решение или експресен пат од Скопје до Битола на еден супер модерен, брз но во исто време и безбеден начин, ќе се патува за едни пријатни час и 30 минути, што целосно ќе ја смени и бизнис климата во Битола но и начинот на функционирање што тоа ќе значи и за целиот регион“, рече Николоски.

Николоски исто така рече дека во Штип се работи на урбанизација во делот на бања Кежовица како и изградба на вештачко езеро со цел подобрување на туризмот во Штип.

Во однос на Штип, многу работиме во делот на туризмот 2 големи проекти заедно со градоначалникот работиме на урбанизација во делот на бањата Кежовица, и се она што може да е таму како потенцијал и секако изградбата на првото вештачко туристичко езеро коешто се работи над Штип, коешто исто така го работиме“, објасни Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светна кулата на Водно – два и пол пати поголема од Крстот, внатре ќе има ротирачки ресторан
Следна Статија Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На овие телефонски броеви може да се пријави штета од невремето

Краткото, но интензивно невреме со силен ветер што го погоди Скопје вчера попладнето, предизвика големи штети. Сите граѓани на кои…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дивоградба во заштитената охридска чаршија доби фасада и покрај забраната

Објект изграден без дозвола во заштитеното градско јадро на Старата охридска чаршија, кој претходно беше предмет на вонредна контрола од…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова

Еден од клучните проблеми на македонските граѓани е правдата. Но, правдата е загрозена поради ендемската корупција и организираниот криминал, што,…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во својот воведен збор, обвинетиот Александар…

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?