Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа

Објавено August 24, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на официјалната церемонија за потпишување на Меморандумот за разбирање и соработка за развој на пазарот на капитал, која ќе се одржи на 25 август 2025 година (понеделник) во Загреб, Република Хрватска.

Настанот се организира од страна на Министерството за финансии на Република Хрватска и претставува регионална иницијатива во која учествуваат земјите Хрватска, Бугарија, Унгарија, РС Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

Со потпишувањето на Меморандумот ќе се потврди заедничката определба за унапредување на соработката во областа на пазарите на капитал, преку подобрување на законодавството и регулативата, интеграција на инфраструктурата, дигитализација и хармонизација.

Оваа иницијатива има за цел да испрати силен сигнал до инвеститорите, пазарите и меѓународните партнери дека земјите од Централна и Југоисточна Европа се посветени на координирани и усогласени реформи, како и на создавање услови за долгорочен и одржлив економски раст.

Во рамки на настанот, министерката ќе учествува и на министерски панел,на кој ќе размени искуства и најдобри практики со своите колеги од регионот.

Учеството на министерката Димитриеска-Кочоска на овој значаен настан претставува потврда за заложбата на РС Македонија за продлабочување на регионалната економска соработка и за активно вклучување во иницијативи кои придонесуваат за развој на пазарите и зајакнување на довербата на инвеститорите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жељко Обрадовиќ пие виски, додека Ханка Палдум му пее „на увце“ (ВИДЕО)
Следна Статија Најмалку еден загинат при експлозија во продавница за играчки во Москва (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Трговците можеа и сами да ги намалат цените (ВИДЕО)

Последните владини мерки за ограничување на маржите на над 100 групи на производи и замрзнување на цените на основните прехранбени…

February 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе се готови до крајот на 2026, рече Николоски

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на наредната година, а целиот автопат од Коридорот 10…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Асахи открива голема кибер-напад: Над 1,5 милиони клиентски податоци przecurele

Ransomware нападот во септември ги онеспособи операциите на Асахи во Јапонија и предизвика недостиг на пијалоци

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Експертите откриваат која криптовалута има најголем потенцијал

Аналитичарите ширум светот следат платформи кои решаваат вистински технички проблеми, а не монетите кои најмногу се издвојуваат на социјалните мрежи.…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?