Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ацевски: Стојкоски на изборите ќе настапи со иста програма бидејќи не реализираше ниту еден проект
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ацевски: Стојкоски на изборите ќе настапи со иста програма бидејќи не реализираше ниту еден проект
ПОЛИТИКА

Ацевски: Стојкоски на изборите ќе настапи со иста програма бидејќи не реализираше ниту еден проект

Објавено August 24, 2025 15:35
Сподели
Сподели
Ова е програмата со која градоначалникот на Ѓорче, Стојкоски настапи на локалните избори во 2021 и ова е истата програма со која, ќе настапи и на локалните избори во октомври 2025, затоа што буквално не е реализиран ниту еден од ветените проекти. Што кажуваат фактите, какво ветуваа дека ќе биде, а какво е Ѓорче денес? Има ли еден милион нови дрва? Нема, а постојните се сушат и паѓаат. Дали Ѓорче денес, е белите дробови на Скопје? Не, туку е една од најзагадените општини во Македонија, изјави денеска на прес-конференција, кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски.
„Има ли паркови во секое маало и нови зелени површини? Нема, а постојните се во толку хаотична состојба, што не помагаат ни тримерите изнајмени за 1200 денари од час.
Дали сеуште има неасфалтирани улици? Да, повеќе од 100.
Има ли нов кружен тек и подобрена безбедност на главните сообраќајници? Нема, имаме сообраќаен хаос и снимање видеа за тик ток.
Има ли подобрено водоснабдување во урбаниот дел? Не, во поголемиот дел од општината, граѓаните водата ја добиваат буквално капка по капка.
Уреден ли е кејот на реката Лепенец? Има ли патека од Хром до Влае покрај Вардар? Не, не се поминува ни по едниот ни по другиот кеј.
Дали денес Ѓорче е без отпад? Не, денес Ѓорче е преплавено со ѓубре, а мини депонии никнуваат во секое маало.
Имаме ли нови и безбедни детски игралишта? Не, а постојните се руинирани и крајно небезбедни.
Има ли нови градинки и училишта, има ли нова градинка во населбата Александрија? Има ли ново Основно Училиште Гоце Делчев? Нема. Имаме листи на чекање и групи во градинките со по 40 дечиња?
Има ли катни гаражи и паркинзи, Не, има тепачки за паркинг места, блокирани улици и тротоари, и нови згради што никнуваат секој ден.
Се носат ли дупови на транспарентен начин по широка јавна дебата? Не, ДУПови во Ѓорче се носат на шверцерски и криминален начин, на вонредни седници и предвидуваат изградба на 30 висококатници со повеќе од 4000 станови и хемиска фабрика, без согласност и со предупредување од ЈП Водовод дека изградбата на зградите ќе му наштети на водоснабдувањето на Градот Скопје.
Дали интересот на граѓаните е пред се? Не, се е во интерес на инвеститорите!
Ѓорче денес, е запоставено, бетонизирано, нечисто, , нефункционално.
Граѓаните добро знаат што е, а што не е направено, не се потребни отчети и скап театар.
Граѓаните бараат работа и грижа за јавното добро.
Најавениот 4ти отчет на Стојкоски, за среќа на Ѓорчевци ќе биде и последниот отчет на најнеспособниот градоначалник во историјата на општина Ѓорче Петров“, изјави Ацевски.

 

Ѓорче може, мора и заслужува подобро!
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Градоначникот на Дубровник се вклучи на Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ: Ја претстави алатката Око за Дубровник
Следна Статија Автомобили, камиони, комбиња и минибуси на неколку приватни фирми опожарени во Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сам себе го гласал: Независниот кандидат Бакиу освои само еден глас на изборите во Арачиново

Во Општина Арачиново, каде што секогаш изборите знаат да бидат бурни и тесни, се случи нешто што ретко се гледа…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата

Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата, изјави Миле…

February 3, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска не гледа потреба од предвремени парламентарни избори

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова цени дека нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори доколку пратениците од крилото на Алијанса…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни

Во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа гостуваше пратеникот и член на ИК, Миле Лефков. Тој…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?