Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мбапе и Винисиус за триумф на Реал на гостувањето кај Овиедо (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Мбапе и Винисиус за триумф на Реал на гостувањето кај Овиедо (ВИДЕО)
СПОРТ

Мбапе и Винисиус за триумф на Реал на гостувањето кај Овиедо (ВИДЕО)

Објавено August 25, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Реал Мадрид дојде до два од два на стартот од Ла Лига, откако со 0-3 славеше на гостувањето кај Овиедо.

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешното гостување кај Овиедо.

Реал победи со двата гола на Килијан Мбапе и еден на Винисиус Жуниор.

– Во првото полувреме имавме одличен ритам со топката, доминиравме, иако беше тешко бидејќи Овиедо цврсто се бранеше. Знаевме дека мора да продолжиме во ист дух. Во второто полувреме малку забавивме, ни беше тешко да го одржиме ритамот, но благодарение на одбраната, ја освојувавме топката, брзо тргнавме во напад, а двата гола ни донесоа мир. Задоволен сум што беше многу комплетен натпревар. Винисиус влезе како резерва, стана одлучувачки фактор и среќен сум за него. Ни требаат сите – и оние што го започнуваат натпреварот и оние што доаѓаат од клупата. Ќе има многу натпревари пред сите. Важно е секој да се чувствува важен и подготвен да го започне натпреварот, да дојде од клупата или да игра во следниот. Имаме повеќе од дваесет играчи во тимот и сакаме да го извлечеме најдоброто од секого, изјави Алонсо за „Марка“.

Реал Мадрид има максимални шест бода по две кола. Мадридскиот тим ќе игра против Мајорка во следниот натпревар на 30 август. Овиедо има два пораза, а во третото коло ќе се соочи со Реал Сосиедад исто така на  30 август.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина
Следна Статија Криминал тежок над 7 милиони евра: Финансиска утрово врши претреси на неколку локации во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

За тие што не гледаа: Oва се головите од вчерашниот луд меч во Манчестер

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ја опиша како лудило синоќешната победа од 5-4 над Олимпик Лион во реваншот од…

April 18, 2025
СПОРТ

Македонија го порази Катар

Македонската ракометна репрезентација попладнево го победи Катар со 39:34 (полувреме 21:17) во второто коло од Група-2 во Главната фаза на…

January 23, 2025
СПОРТ

ВИДЕО I Нов трипл-дабл на Јокиќ, блескава партија на Дончиќ

Денвер нагетс на домашен терен ги победија Мемфис гризлис со 117-109, а најдобар стрелец беше Гордон со 33 поени. Сепак,…

April 12, 2025
СПОРТ

Сабаленка се пласира во финалето на Ролан Гарос

Светскиот број еден во женскиот тенис, Арина Сабаленка, стана првата тенисерка што се пласираше во финалето на овогодинешниот Ролан Гарос.…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?