Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија
БАЛКАН

Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија

Објавено August 25, 2025 18:53
Сподели
Сподели

Канадската компанија „Тера Балканика Рисорсис“ објави дека во рамки на проектот Виогор–Жаник во Брежани (БиХ) е откриено значително проширување на златното лежиште, при што во третата фаза од дупчењето потврдиле присуство на повеќеметално наоѓалиште.

На длабочина од 72,3 метри е измерена просечна содржина од 0,27 грама злато на тон руда, а во поединечни делови и над еден грам на тон. Освен злато, во новото наоѓалиште се потврдени и антимон и цинк.

Претседателот и извршен директор на „Тера Балканика“, Александар Мишковиќ, истакна дека резултатите покажуваат дека Брежани има потенцијал да стане рударски центар од европско значење.

„Ова откритие потврдува дека Босна и Херцеговина располага со минерални ресурси од светска класа. Нашата визија е Брежани да се развие во едно од клучните наоѓалишта во Југоисточна Европа и значително да придонесе за европскиот пазар на критични метали“, изјави тој.

Областа Брежани се наоѓа во близина на рудникот Сасе, кој веќе произведува стотици илјади тони руда годишно, што според компанијата овозможува брза интеграција во постојната рударска инфраструктура.

Успехот на проектот, велат од „Тера Балканика“, може да ја трансформира улогата на Босна и Херцеговина од земја со ограничени резерви во стратешки важен центар за злато и критични суровини во регионот и пошироко, носејќи нови партнерства и долгорочен економски раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СКСЗМ: Критериумите за ваучерите на Владата ги дискриминираат малите и средни претпријатија
Следна Статија Двајца холандски тинејџери пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Легија во затвор прави опрема за погреби

Милорад Улемек Легија (56), поранешен командант на Единицата за специјални операции  кој беше осуден за убиство на српскиот премиер Зоран…

November 19, 2024
БАЛКАН

Србија ќе добие 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст на Западен Балкан до крајот на неделата

До крајот на неделата на Србија ќе и бидат исплатени 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст за…

March 31, 2025
БАЛКАН

Протече изјавата дадена пред смртта на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Далибор Драгијевиќ, брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ на 26 март во…

October 12, 2024
БАЛКАН

Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините, линијата може да остане затворена два месеци

Товарен воз излета од шините вчера доцна навечер во областа Кукуш во северна Грција додека се движеше на релација Гевгелија-Солун,…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?