Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов
МАКЕДОНИЈА

Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов

Објавено August 26, 2025 14:44
Сподели
Сподели

Во Собранието денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ на годинашните добитници доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендоркинологија и Борче Стаменов од Иницијативата „Донирај компјутер“.

Наградата им се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Претседателот на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, Бехиџудин Шехапи нагласи дека државната награда е повеќе од признание бидејќи, како што рече, хуманоста не се натпреварува, туку безусловно учествува во изградбата на похуман и поубав свет.

-Во новата ера одбележана со информации, брзина и трансформација во еден модерен дигитален виртуелен и вештачко интелигентен свет, за жал наспроти технолошкиот подем регресира човечката свест. Тоа го докажуваат војните во Палестина и Украина и уште многу студени војни кои требаше да се лекција за пропаст, а не повторување кое докажува дека хуманоста, разбирањето и дијалогот се поразени. Во нашата земја изгоре младоста на Кочани, изгоре душата на тој град, која денеска пробуваме да ја лекуваме со почит, сочувство и подадена рака, поддршка за се што е потребно и ќе биде потребно во годините што доаѓаат, рече тој.

Шехапи потенцира дека со овој свечен чин продолжуваме да ги следиме чекорите на Мајка Тереза на делотворност, благородност и човекољубие кон човештвото и кон Бога.

-Овој јубилеј сакам да го отворам со цитат од Мајка Тереза „Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб“. Овие зборови на Мајка Тереза не сплотуваат во чест на човековата доблест, хуманост и солидарност. Со овој свечен чин продолжуваме да ги следиме нејзините чекори на делотворност, благородност и човекољубие од една страна кон човештвото и богољубие, вера и духовна височина во себесплотувањето со Бога од другата страна, изјави Шехапи.

Доц. д-р Ахмети истакна дека за него оваа награда претставува огромна почит и голема обврска да продолжи со неговото хумано делување.

-Како што би рекла Мајка Тереза „не е важно колку правиме, туку како го правиме тоа и колку љубов внесуваме“. Јас лично нема да се задржам во мојот стручен придонес врз општеството, затоа што медицинската дејност сама по себе е хумана професија. „Направи нешто добро и заборави на тоа“ оти во моето досегашно искуство секогаш тоа што е направено и заборавено во одреден момент се појавува човек што сме му завршиле голема работа, со емоции ти се приближува и ти искажува голема благодарност за тоа што си направил за него, а при тоа јас и Борче не сме свесни за тоа затоа што и Мајка Тереза дава препорака „Направи нешто и не мисли да ти се возврати тоа, туку направи го со душа“. Со Борче имаме различни професии, но не спојува хуманоста која претставува еден мост меѓу луѓето, културите и заедниците. Свесни сме дека во денешницата медицината, информатиката, па во иднина вештачката интелигенција ќе се спојуваат, но факт е дека ќе треба доста да работиме на тоа како емоциите да ги спојуваме со тоа што е техничко, рече Ахмети.

Стаменов, кој е добитник и на државната награда „Мето Јовановски“, нагласи дека овие награди за него претставуваат мотивација плус дека на некој начин си на прав пат и тоа што го правиш наидува на позитивен фидбек.

-Целата иницијатива почна на работа. Дојде една женичка да побара половен компјутер, имаме доста клиенти кои што ги оставаат дотраени, им го однесов дома и кога гледаш дека се радуваат на нечие ѓубре буквално, си викаш дека тоа може да биде добра идеја. На почетокот ми беше интересно, а и има доста социјално загрозени семејства низ Македонија што не можат да добијат уред. Си рековме да стигнеме до 100 и доста е. Се случи Ковид и тогаш се виде колку сме неспремни и како држава и како свет за такво нешто. Се виде колку недостасува опрема во цела држава и тука ние пристапивме. За околу шест месеци успеавме да донираме 600 компјутери, изјави Стаменов.

Државната награда „Мајка Тереза“ за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери првпат била доделена во 2006 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија
Следна Статија Колку чини дневно одржувањето на јахтата на Филипче: За гориво 1800 евра, екипаж 500 евра…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска гласаат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата…

November 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Законот за правична застапеност најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада

Законот за правична застапеност е готов и најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада, потоа ќе биде испратен до…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пејачот Панчо од ДНК со изгореници на лицето и раката е на кислородна поддршка: Трагичната ноќ во „Пулс“ остави длабоки последици

По пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што настапуваше групата ДНК, пејачот Владимир Блажев-Панчо има изгореници…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени

Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени, вака накусо премиерот Христијан Мицкоски…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?