Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Објавено August 26, 2025 17:59
Сподели
Сподели

Реалната просечна плата порасна двојно повеќе споредено со времето кога СДСM беше на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на објавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за пад на животниот стандард. Од владејачката партија посочуваат дека статитстиката потврдува оти порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 6,7 отсто, за разлика, од како што велат, 3,5 отсто во времето на СДСМ. Тоа, според ВМРО-ДПМНЕ значи дека стандардот на граѓаните сега е поголем од времето кога СДСМ беше власт.

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега, откако беше на јахтата на Заев и тоа малку што го имал го нема. Народот денес е побогат од времето на СДС. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет. Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното: растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10.3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за 8.3%“,порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во однос на инфлацијата, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и таму бројките се лоши за СДСМ.

„Имено во време на СДС инфлацијата во просек изнесувала 4.8%, за разлика од сега, кога во просек е 3.6%. СДС и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста“,додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно Филипче обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги оставаат граѓаните во сиромаштија, дека инфлацијата руши рекорди, платите стагнираат, а животниот стандард опаѓа. Тој, меѓу другото, нагласи и дека сегашната власт го прекинала системот на континуирано зголемување на платите што го воведе СДСМ, оставајќи ги граѓаните, како што рече, на работ на преживување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку чини дневно одржувањето на јахтата на Филипче: За гориво 1800 евра, екипаж 500 евра…
Следна Статија ВРЕДИ до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Почна средбата Мицкоски – Филипче во Влада

Средбата помеѓу лидерите на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, започна во 14 часот. Христијан Мицкоски и Венко Филипче ќе…

April 3, 2025
ПОЛИТИКА

Димитровски: За 72 часа ќе се исчистат дивите депонии во Скопје, ќе се воспостави систем кој ќе функционира долгорочно

Носителот на листата за Град Скопје, Даме Димитровски, во дебата на Канал 5 посочи дека граѓаните на главниот град се…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Османи бара оставка од Меџити

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, денеска упати критики до министерот за животна средина Изет Меџити и…

September 14, 2025
ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Имам 3 приоритети за Кисела Вода – граѓаните, бизнис заедницата и администрацијата и за нив имаме програма

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник за општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?