Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Рударите се темелот на економијата и незаменлива сила без која нема развој и енергетска стабилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Рударите се темелот на економијата и незаменлива сила без која нема развој и енергетска стабилност
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Рударите се темелот на економијата и незаменлива сила без која нема развој и енергетска стабилност

Објавено August 27, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Тринаесет рудари од различни рудници низ земјата денеска беа одликувани со признанија за својата пожртвувана работа, во рамки на свеченоста што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја организираше по повод Денот на рударите.

Меѓу нив е и Страшо Маневски од РЕК Битола – човек со речиси четири децении искуство, кој започнал како сменски инженер, а долгогодишно работел и како технички директор. Признание доби и Златко Пажески од рудникот „Сивец“ во Прилеп, кој секојдневно со гордост и посветеност влегува во јамата и во најтешки услови. Тука се и Драгољуб Димитровски од Тораница, Дарко Величковски од САСА, Тони Ѓоргиев од Боров Дол, Шериф Алиу од Гостивар, Аце Маневски од УСЈЕ, Зоран Стојчев од Гранит, Бранко Ѓорѓиев од СОПОТ, Сашо Гиланов од Суводол и други – сите тие, со својата работа и искуство, се симбол на чесност, труд и издржливост.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето обраќање порача дека рударите се „темелот на економијата и незаменлива сила без која нема развој и енергетска стабилност“.

– „Вашата работа е животна мисија, а не само рофесија. Затоа државата има должност да ви обезбеди подобри услови, поголема безбедност и современа опрема. Но и да покаже јасна решеност дека во рударството нема компромис со законот“, истакна министерката.

 

Божиновска потсети дека Министерството во изминатиот период ги засилило инспекциските контроли и теренските посети, а само во последните години биле одземени 45 концесии поради непочитување на правилата.

– „Државата ќе ги поддржи сите компании кои инвестираат во безбедноста на рударите, се грижат за животната средина и за локалните заедници. Но, за оние што мислат дека Македонија е место каде правилата не важат, имам јасна порака: времето на компромиси заврши. Законот важи за сите – без исклучок“, подвлече министерката.

 

Со свеченоста Министерството не само што оддаде признание на рударите за нивниот труд и пожртвуваност, туку и испрати порака дека рударството ќе остане силен и одржлив столб на македонската економија – со врвен приоритет секој рудар да биде безбеден и горд кога се враќа дома.

Листа на рудари – добитници на признание

 

  1. Дејан Тоневски – БУЛМАК 2016 ДООЕЛ, Рудник Злетово
  2. Драгољуб Димитровски – БУЛМАК 2016 ДООЕЛ, Рудник Тораница
  3. Златко Пажески – Мермерен комбинат АД, Рудник „Сивец“ Прилеп
  4. Дарко Велиновски – Рудник за олово и цинк САСА ДООЕЛ, Македонска Каменица
  5. Тони Ѓоргиев – Боров Дол ДООЕЛ, Радовиш
  6. Гелберим Думани – Кнауф – Радика АД, Дебар
  7. Шериф Алиу – Ел Транс ДООЕЛ, Гостивар
  8. Аце Маневски – Цементарница УСЈЕ АД, Скопје
  9. Зоран Стојчев – Градежно друштво ГРАНИТ АД, Скопје
  10. Бранко Ѓоргиев – СОПОТ ДОО, Скопје
  11. Сашо Тренчески – ФИМАР БАЛКАН АД, Скопје
  12. Сашо Гиланов – Електрани на Северна Македонија, Рудник Суводол
  13. Страшо Маневски – Електрани на Северна Македонија, Рудник Брод Гнеотино (рудaр со речиси четири децении искуство, ПЕ Рудници Битола)
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протестите за шумата над Љубојно се проширија и во Ресен
Следна Статија Две девојки во Бугарија скокнале од воз во движење оти ја пропуштиле станицата, едната е во критична состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании

Претседателот на Влaдата, Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи директорот…

October 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трајко Славески ја презема функцијата Гувернер на Народна банка

Денес, во просториите на Народната банка, се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата гувернер, со што заврши мандатот на…

May 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Наследникот на Ворен Бафет размислува да ги продаде акциите на Kraft Heinz

Новиот извршен директор на Berkshire Hathaway евентуално размислува за својот прв значаен потег по преземањето на должноста.

January 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Започнуваме активности за целосна реконструкција на пругата од Скопје до Кичево

Владата донесе одлука за започнување на подготовки и подготвителни активности за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?