Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Како Османи во бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ молеше да остане во владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Како Османи во бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ молеше да остане во владата
ПОЛИТИКА

Како Османи во бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ молеше да остане во владата

Објавено August 28, 2025 16:13
Сподели
Сподели

На Бујар Османи или не му кажале, или не сака да се сети на времето кога преговарачкиот тим на ДУИ остави бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ подготвени да го иаполнат секое барање само за да останат во Владата која беше поразена на избори. Тогаш така храбро не звучеа и не се однесуваа првенците на ДУИ кои сега силно се удираат во гради. А Бујар Османи може да глуми принципиелност, но вистината е очигледна: врвот на ДУИ е претворен во милионерска елита, додека народот живее во сиромаштија. Затоа денес ДУИ ветува функции и влез во владата на своите разочарани членови, надевајќи се дека ќе ја сокријат сопствената корупција и криминални зделки, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

Да потсетиме, и Македонците избираа партија со мнозинство, но ДУИ тоа никогаш не го почитуваше. Наместо почит кон народната волја, тие секогаш бараа спас кај СДС, со кои се најдоа во заедничкиот именител, криминалот и корупцијата.Кога Бујар Османи зборува за „аморфна маса“, токму тука е суштината на проблемот. ДУИ цели 20 години ја третираше албанската заедница како аморфна маса – како гласачка машинерија за нивните бизниси и криминални зделки.

Денес зборуваат за „правила“ и „победник со победник“, но тоа не е демократија, туку племенска математика измислена за да останат во фотелји. Во унитарна парламентарна демократија владее волјата на граѓаните, а таа јасно кажува – со криминалци влада нема да има!

ДУИ прво ќе мора да се исчисти од криминалците, да се соочи со одговорност и да се реформира, па дури потоа да размислува за политичка иднина. Единствено СДС со ова раководство, уценето и потопено во заеднички афери, сè уште мисли на коалиција со нив.

Коалицијата на СДС и ДУИ ќе биде поразена на овие избори од коалицијата што ја предводи владата, затоа што граѓаните веќе ја препознаа разликата меѓу криминалната дружба која две децении ја пустошеше државата и новата власт која работи чесно, транспарентно и во интерес на народот.

ВМРО-ДПМНЕ и владината коалиција ќе ја добијат довербата бидејќи ја враќаат надежта, ја градат државата на темели на одговорност и резултати, и покажуваат дека Македонија може да оди напред без СДС и ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали праќа пораки до ДУИ за затоплување на односите
Следна Статија Тошковски: Оној што управува автомобил повеќе од 90 од дозволеното не заслужува возачка дозвола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

Лимани седна на иста маса со Ахмети, еве што му порача Касами

Министерот за социјала Фатмир Лимани, кој формално е дел од ВЛЕН, се појави на заедничка фотографија со лидерот на ДУИ…

March 13, 2026
ПОЛИТИКА

Линдита Јовановска се обрати до кичевчани и ги повика да гласаат за нејзиниот сопруг Александар

Линдита Јовановска, сопругата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кичево Александар Јовановски која по националност е Албанка, во…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Зошто Мицкоски одбива да каже дека нема да се примаат мигранти?

„Владата потпиша договор вреден 6 милијарди евра, а јавноста засега доби само фотографии, изјави без конректна содржина и никаква инфомрација…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?