Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стапките на депозитите со благ раст, каматите на кредитите опаѓале и во јули
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стапките на депозитите со благ раст, каматите на кредитите опаѓале и во јули
ЕКОНОМИЈА

Стапките на депозитите со благ раст, каматите на кредитите опаѓале и во јули

Објавено August 29, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Просечните каматни стапки на банкарскиот сектор во јули ја продолжија тенденцијата на различни движења: каматите што се пресметуваат на кредитите бележат пад, додека кај депозитите евидентен е умерен раст.

Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните депозити во јули изнесувала 2,21 процент, што претставува раст од 0,28 процентни поени на годишно ниво. Месечната промена е за минимални, но позитивни 0,01 процентен поен.

Истовремено, просечната каматна стапка на вкупните кредити се намалила на 4,91 насто, што е пад од 0,55 процентни поени во однос на истиот месец лани. Споредено со јуни, осипувањето е измерено со 0,12 процентни поени.

Кај новите депозити и кредити, состојбата е без месечни промени. Конкретно, просечната каматна стапка на новопримените депозити и во јули останала 2,35 насто, но проследена со годишен пад од 0,41 процентен поен. Побараните и одобрени нови кредити се со истата стапка од 4,42 проценти, а намалувањето на годишна основа е за 0,70 процентни поени.

Кај населението, односно кај вкупните кредитни средства што ги користат домаќинствата, каматната стапка е коригирана со минус 0,16 п.п. и изнесува 5,28 проценти. Тоа произлегува од „падот на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,23 п.п. и 0,11 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,05 п.п.)“. Намалување има и на годишна основа – за 0,39 процентни поени.

Новоодобрените кредити се пласирани со просечна каматна стапка од 4,67 насто, со минимално месечно намалување од 0,02 п.п. и значително годишно намалување од 0,67 процентни поени.

Каматата за депозитите на граѓаните во јули се задржала на нивото од претходниот месец, со просечна стапка од 2,15 насто, која на годишна основа е повисока за 0,26 процентни поени. Кај новопримените депозити стапката изнесува 2,33 проценти. Непроменета е во однос на јуни, но пониска за 0,35 процентни поени во споредба со јули 2024 година.

Што се однесува до корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на нивните вкупни кредити во јули изнесувала 4,54 проценти, што значи месечно намалување од 0,08 и годишно од 0,69 процентни поени. Надолната месеч на промена од НБРСМ ја појаснуваат со „падот на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,20 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,13 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,05 п.п.)“.

Новоодобрените кредити за фирмите во просек се пласирани со камата од 4,22 насто, што е месечно намалување од 0,06 процентни поени и годишно од 0,74 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор достигнала 2,66 насто. Во овој сегмент е регистрирано месечно зголемување од 0,10 процентни, односно годишно за 0,38 процентни поени. Кај новопримените депозити, пак, просечната стапка е 2,39 проценти и е речиси непроменета месечно (+0,01 п.п.), но пониска е за 0,64 процентни поени во однос на истиот месец минатата година.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украински полицаец избегал во Молдавија оставајќи си ја сопругата во автомобилот
Следна Статија Индустриското производство во јули зголемено за 4.1 процент на годишно ниво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа

По серија на состаноци кои што ги организираше премиерот заедно со тутунските здруженија, со откупувачите, се постигна една цена која…

December 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Во декември 70% од даночните обврзници платиле во законски рок

Во текот на месец декември, даночните обврзници успешно ја исполнија својата обврска за плаќање на данокот на личен доход, социјалните…

December 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Горивата поевтинуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување…

June 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите

Фокус на оваа Влада е обезбедување на пристојни услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите. За…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?