Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Свечено откриен споменикот на Александар Турунџев во Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Свечено откриен споменикот на Александар Турунџев во Битола
МАКЕДОНИЈА

Свечено откриен споменикот на Александар Турунџев во Битола

Објавено August 31, 2025 09:48
Сподели
Сподели

По повод одбележувањето 120 години од погибелта на македонскиот војвода Александар Турунџев, вчеравечер со свечена церемонија беше откриен споменик на овој национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народовој, на Ат – Пазар, во Битола.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски заедно со потомци од семејството Турунџиеви, пред бројните битолчани, гости го открија споменикот на војводата на што претходеше своевидна претстава поткрепена со исторска симболика.

-Токму на денот на погибието пред 120 години, на овој 30 август, Битола ја исправи својата вечна должност и му подари споменик на Александар Турунџев“, порача градоначалникот Коњановски, стои во објавата на фејсбук профилот на Општина Битола.

На свечениот чин му претходеше поворка низ битолските улици, испреплетена со историски факти. На почеток, се посочува, граѓаните се собраа пред ОУ „Ѓорги Сугарев“, местото каде Турунџев бил затворен, каде беше развиорено македонското знаме од млади момчиња облечени во комитска носија, членови на КУД „Илинден“ Битола. Поворката беше придружувана со блех музика и групата Љубојна како и младите зурлаџии и тапанџии од АФ „Гоце Делчев“ Битола, а предводник на поворката беше коњаницата „Костурска чета“.

Бројни граѓани се приклучуваа на поворката која се движеше низ Плоштадот „Магнолија“, покрај реката Драгор до Ат Пазар каде и беше погубен војводата, па се новиот кружен тек каде е поставен споменикот на Турунџев.

На сцената македонската државна химна ја отпеа правнуката на Турунџев, певицата Сузана Турунџиева, а оперскиот пејач Игор Дурловски во аранжман на Николче Мицевски ја изведе песната посветена на војводата Турунџев – „Црно му било пишано“.

Претходно на неговиот гроб кој се наоѓа во црквата „Св. Недела“ во Битола, се одржа панихида на која присуствуваа градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, претставници на локалната власт, на повеќе институции, како и граѓани кои се поклонија пред споменот на Турунџев.

Македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, бил предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година. Турунџев покрај тоа што се смета за симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мала, но богата европска земја која бара работници: Просечна плата до 6.100 евра и живот за којшто сонуваат многумина
Следна Статија Путин пристигна во Кина на самитот за безбедност на кој присуствуваат 20 светски лидери: Ќе се спротивстави на Западот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

И Митева портпарол на Влада, а Стоилковски Советник за комуникации

Денеска се одржа 25тата владина седница на која се избраа портпароли на Владата на Република Северна Македонија. За портпарол на…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонски професор по географија избран за академик во Британија

Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, по потекло од Македонија, е избран за член на Академијата за општествени науки…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

СЕ ПРОДАВА ЛУКСУЗОТ НА ГРУЕВСКИ Државата ги пушти во продажба становите на Водно кои вредат над 2,4 милиони евра

Пет стана, за кои судот утврди дека се во сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски, официјално се ставени на продажба. Имотите беа…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Професионално спроведени акции во кои се разбиени две криминални групи, очекувам се повеќе такви во иднина

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ Клан Македонија на прашање за резултатите во борбата против криминалот…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?