Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови правила за одобрување возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нови правила за одобрување возила
ЕКОНОМИЈА

Нови правила за одобрување возила

Објавено September 1, 2025 09:26
Сподели
Сподели

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата.

Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини кое неодамна одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила на кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапат на сила од 1 септември.

Промените во постапките за одобрување на возила се: одобрување тип на возило за сите негови варијанти и изведби според WVTA документот, освен ако импортерот не побара поинаку, единечно одобрување ќе се врши исклучиво за возила за кои не е одобрен типот во државава и немаат одобрение за тип во ЕУ преку Биро за метрологија, возила со претходно одобрен тип во ЕУ или во државава немаат потреба од посебна постапка за единечно одобрување и директно одат во постапка за идентификација и оцена на техничката состојба, импортерите имаат обврска да издаваат потврди за исполнетост на техничките барања за сите возила за кои постоиевропско одобрение на тип (WVTA) или национално одобрување на тип, а за останатите возила за кои немаат возила не постои одобрение на тип во државава или не постои одобрение на тип во ЕУ, импортерите немаат обврска да ги издаваат потврдите, ваквите возила ќе обезбедуваат потврди од независни институции прифатени од Бирото за метрологија.

Според грубата пресметка, 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало – процесот сега ќе се регулира преку овластените застапници, домашни македонски компании. Роковите за одобрување на тип во Бирото за метрологија ќе бидат скратени двојно, за побрза и поефикасна постапка, цените на услугите од Биро за метрологија ќе се регулираат со нов правилник, а потврдите за исполнетост на техничките карактеристики кај застапниците ќе чинат 40 до 50 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спортскиот коментатор Тони Стојановски објави разделба со МРТ, се сели во Арена спорт
Следна Статија Хаос во Нови Сад: Деканот на факултетот со маскирани луѓе ги скрши прозорците за да влезе во зградата (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Приходите и расходите во Буџетот за 2024 година се реализирани на ниво над 96%, што е согласно со планираното во…

January 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата

Народната банка го објави Извештајот за работењето за периодот 2018 – мај 2025 година, којшто ги опфаќа клучните активности, политики…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Чебрен и Галиште ќе се градат со парите од британскиот заем, инвестиција од 1,3 милијарди евра

Изминатите седум години СДСМ и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и…

May 27, 2025

Идни договори за акции се речиси непроменети по рекордот на Dow

30-те акции на Dow го допреа историскиот врв во понеделникот и се затворија на рекордно ниво додека нафтените имиња пораснаа

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?