Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Адеми: Секој обид за укинување на Бадентер по изборите е обид државата да се врати назад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Адеми: Секој обид за укинување на Бадентер по изборите е обид државата да се врати назад
ПОЛИТИКА

Адеми: Секој обид за укинување на Бадентер по изборите е обид државата да се врати назад

Објавено September 1, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, ја обвини владата за „повторен атентат врз Охридскиот мировен договор“, тврдејќи дека нејзините потези се дел од опасна агенда која се заканува да ги укине клучните механизми за мултиетничката стабилност.

Според Адеми, најавите за „преиспитување“ на Бадентеровото мнозинство не се политички лапсус, туку дел од „намерно осмислено сценарио“ за поткопување на уставните темели на државата. Тој истакна дека од првиот ден на овој мандат, оваа влада и нејзините партнери следат опасна агенда.

„Го укинаа ‘балансерот’, со што го нарушија правичното застапување на Албанците и другите заедници, не го почитуваат Законот за јазиците, ги ослабнаа Инспекторатот и Агенцијата и дозволија повеќе од 100 институции да го игнорираат албанскиот јазик, неправедно го намалија бројот на советници во општините, спротивно на Уставот, законот и одлуката на Уставниот суд, ја избришаа албанската дијаспора од политичкото претставување“,рече Адеми на денешната прес-конференција.

Тој додаде и дека имплементацијата на Охридскиот договор е, како што рече, доверена на личности со отворено антиалбански и антиевропски ставови, како Иван Стоилковиќ.

„На почетокот, не ја почитуваа политичката волја на Албанците. Потоа го забранија користењето на националното знаме. Следен на удар беше албанскиот јазик. Потоа го укинаа ’балансерот’, а сега гледаме како сакаат да го укинат и гласањето со Бадентер“,истакна Адеми.

Денес, рече Адеми, истиот план напредува кон преиспитување на Бадентеровото мнозинство – уставниот столб кој штити од мајоризација и го обезбедува мултиетничкото функционирање на државата.

„Секој обид за укинување на Бадентер по изборите, како што беше најавено, е обид државата да се врати назад – кон неправдата и исклучувањето“,додаде тој.

Тој ја критикуваше коалицијата ВЛЕН, обвинувајќи ја дека го става политичкиот опстанок пред европската иднина и Охридскиот договор. Според него, ВЛЕН „опстојува со празни оправдувања“ и ги покрива „етноцентричните политики“ на владата, со што се прекршува ветувањето дека „нема влада без уставни измени“.

„Денес, повеќе од кога било, сме сведоци на ширење опасни идеи кои тврдат дека мултиетничките држави не функционираат и кои бараат создавање етнички чисти држави. Овие идеи јасно се манифестираат: од една страна преку нападите врз Охридскиот договор и уставните механизми, а од друга страна преку блокирање на европскиот пат и изолирање на државата“,кажа Адеми.

Тој додаде и дека на 19 октомври Албанците ќе имаат можност да се спротивстават на овие тенденции и да покажат дека еднаквоста не се преговара

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Не сум изненаден што сум прислушкуван од АНБ, се надевам дека овие глодари ќе завршат позади рештки
Следна Статија Камбовски: Судскиот совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Кривичниот законик повеќе не смее да служи како амнестија!

Биномот ДУИ-СДСМ го користеше европското знаме не за Европа, туку како крпа за да ги избрише трагите на Никола Груевски…

November 17, 2025
ПОЛИТИКА

Членот на „Црвена младина“ на Левица, Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник

Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник. Тој е член на „Црвена младина“ на Левица и поранешен…

March 22, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски во Струмица: Заедно со народот, да ги ангажираме сите капацитети, заедно да го рестартираме системот

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва беше на состанок со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица. -Заедно со народот, да ги ангажираме сите…

March 28, 2025
ПОЛИТИКА

Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го промовира Ѓорѓиевски за градоначалник, СДСМ Христоски во Крушево

Партиите и независните кандидати денеска на првиот ден од кампањата за Локалните избори 2025 започнуват со официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?