Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески најавува намалување на учеството при купување прв стан за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески најавува намалување на учеството при купување прв стан за граѓаните
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески најавува намалување на учеството при купување прв стан за граѓаните

Објавено September 1, 2025 19:30
Сподели
Сподели

Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот.

„Целта е да се поддржат граѓаните кои купуваат свој дом, додека кај оние кои купуваат стан како инвестиција, учеството ќе се зголеми, заради намалување на притисокот врз цените и за зголемување на финансиската одговорност“, појаснува гувернерот.

Гувернерот нагласува дека банките веќе ги препознаваат граѓаните кои купуваат прв стан како помал ризик, бидејќи тие се поодговорни и кредитот го користат за сопствено живеалиште. Се очекува дека банките ќе понудат подобри услови и пониски каматни стапки за оваа категорија.

Во однос на сегашните каматни стапки, гувернерот истакнува дека тие се релативно ниски во споредба со другите пазари и дека со стабилизирањето на инфлацијата под 3%, кредитирањето ќе стане уште поедноставно и поодржливо.

Народната банка ја следи состојбата на пазарот на недвижности и кредитирањето, со цел да обезбеди одржлив раст и да ги заштити интересите на граѓаните и на банкарскиот сектор.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
Следна Статија Најмногу слободни места за работа има во градежништвото, хотелиерството и административно услужни дејности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ повика на блокада, УПОЗ се договори со Владата за платите

ССМ повика на блокада пред Собранието на 10 февруари 2026 (вторник) од 9 часот, на улиците „11-ти Октомври“ и „Даме…

February 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Европската комисија предвидува раст на македонската економија од 3 отсто

Европската комисија предвидува дека економијата на Македонија во 2025 година ќе порасне за 3 отсто, што ја става во средина…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

За денеска најавен нов бојкот на маркетите

За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси…

February 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Бош“ планира да отпушти 13.000 луѓе во Германија

Водечкиот светски добавувач на автомобилската индустрија, „Бош“, соопшти дека ќе отпушти 13.000 луѓе во Германија до 2030 година, пренесе Би-би-си.…

September 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?