Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти
МАКЕДОНИЈА

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти

Објавено September 2, 2025 08:30
Сподели
Сподели

Од 2020 до 2025 година СОНК кумулативно ги има зголемено платите за околу 70 проценти. Од јануари месец 2020 година, кога почнавме со 10 проценти зголемување, до оваа година во март месец кога имавме зголемување од седум проценти, кумулативно сите овие години зголемувањето изнесува 70 проценти. Овој континуитет ќе продолжи и следните три години, согласно спогодбата со Министерството за образование и наука, каде ќе се зголемат платите кумулативно од 46 до 52 проценти. Во зависност од развојната политика и економија во Буџет овие проценти можат да бидат и повисоки, истакна претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Во вчерашното гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, во врска со висината на платите кај просветните работници, Неделков истакна дека е задоволен и оти СОНК во континуитет се труди да ги зголеми платите во образованието.

– Во континуитет се трудиме да ги подигнеме платите во образованието и да дојдеме до нормална висина каде што просветниот работник нема да стравува како ќе го истера месецот од плата до плата. За професорите во средно образование основната плата е околу 40.000 денари, додека за основно образование 38.000 денари. Ова се основите на кои има додатоци за одделенско раководство и други додатоци како минат труд, рече Неделков.

Вели сѐ уште не се усогласени ставовите помеѓу СОНК и Владата за превозот, како и за процентот на регрес за годишен одмор, којшто рече мора да биде повисок од тоа што е во општиот колективен договор.

– За додатокот за класно раководство ги усогласивме ставовите, додека за превоз, за жал, сѐ уште не сме усогласени. Процентот за регресот за годишен одмор не ни утврден, тој мора да биде повисок од тоа што е во општиот колективен договор, е сега, колку е тоа повисок се уште имаме различни толкувања. Јас сум убеден дека по завршувањето на локалните избори ќе се изнајде решение, сега е период за креирање на Буџетот за 2026 година и треба да се предвидат дополнителни средства за овие работи кои што се на преговарачка маса и се од стратешки интерес и од Синдикатот и од Владата. Се надевам дека со новата фискална година од 2027 година дека тие новини ќе се применуваат, рече Неделков.

За тоа како СОНК ја оценува подготвеноста на училиштата за почеток на новата учебна година, Неделков посочи дека дел од наставниците биле на соодветни обуки поврзани со новите наставни програми, додека пак, во врска со инфраструктурата во училиштата ширум земјава нагласи дека е доста подобрена.

– Дел од наставниците беа на соодветни обуки по некои новини кои што се реализираат со новите наставни програми, а во однос на инфраструктурата знам дека доста училишта се инфраструктурно подобрени со реновирани тоалети и училници. Обезбедувањето на наставни средства е дел на организаторите на воспитнообразовниот процес, но гледаме дека изјавите на Министерството за образование се во позитивна насока и останува да видиме. Во овој момент не можеме да кажеме дали сме задоволни или не, како наставници сме спремни, но ќе видиме со кои предизвици ќе се сретнеме, така што оставам простор за дополнително изјаснување, рече Неделков.

Прашан дали наставници на предмети по етика или философија досега пријавиле проблем во СОНК, со оглед на најавата за укинување на тие предмети, Неделков рече дека за среќа досега нема такви укажувања. Тој посочи дека во текот на денешниот ден до СОНК стигнале жалби од страна на наставници кои што сметале дека часовите биле неправилно распределени, но како што рече, тоа се индивидуални случаи.

– Во текот на денешниот ден имаме безброј јавувања и жалби од страна на наши колеги кои што сметаат дека неправилно се распределени часовите во однос на нивното училиште, а можеби на ниво на општина. Тоа се индивидуални случаи кои мораме да ги решаваме, меѓутоа како група наставници на предмети по етика, за среќа, немаме јавувања или укажувања дека имаат проблем со наставни часови, рече Неделков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФК Вардар потпиша со Давид Бабунски
Следна Статија ТЕПАЧКА на состанокот на ДУИ во Чаир?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба

Претседателката и врховна командантка на македонската армија, Гордана Сиљановска-Давкова на армискиот полигон Криволак присуствуваше и се обрати на воената вежба…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме доаѓа во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Во Демир Капија победа на ВМРО-ДПМНЕ

По 100% обработени избирачки места, Наталија Димитриева од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја однесе победата во Демир Капија…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонска пошта тоне во загуби и долгови, а директорите лани си ги зголемиле платите

Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?