Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП
ПОЛИТИКА

Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП

Објавено September 2, 2025 10:49
Сподели
Сподели

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов и актуелниот советник во Град Скопје, епидемиологот Никола Пановски се главни фаворити за кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ЛДП, пишува А1он.

Според извори на медиумиот, оваа одлука била донесена на вчерашната седницата на Централниот одбор на партијата, каде мнозинството гласови одлучиле во трката да се приклучи еден од овие партиски кадри.

Ристо Пенов е познат на јавноста како искусен политичар, кој беше градоначалник на Скопје во два мандата, од 1996 до 2005 година, период во кој иницираше и реализираше повеќе значајни инфраструктурни и урбани проекти во главниот град. Познат е по својот умерен и принципиелен стил на политичко делување.

Никола Пановски, еден од водечките експерти во областа на јавното здравство, стана пошироко препознатлив по своите стручни ставови и анализи за време на пандемијата со КОВИД-19, каде јавно укажуваше на проблемите во здравствениот систем. Во последниве години е активен и во политичкиот живот како член на Советот на Град Скопје, каде настапува критички и со барања за отчетност и одговорност во управувањето со градот.

Освен Пенов, Либерално-демократската партија (ЛДП) низ годините имаше повеќе истакнати кадри кои остварија значајни успеси на локалните избори, особено во Скопје и дел од општините низ државата, како што беа Жерновски во Центар и Костадинов во Виница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Расправија во ЗОО Скопје: Негувателот им вели на децата да се симнат од оградата, родителот: „Ако де што има врска, да не се внатре?“
Следна Статија Мицкоски не бил таргет на прислушување, тврди Димовски и бара декласификација на документите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 6 ЧАСА Ќе има поголема продуктивност и помалку отсуства од работа

Левица предлага намалување на работниот ден на 6 часа без намалување на платите. Ова е поради тоа што власта не…

June 16, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Од Бугарија се испраќаат различни сигнали, подготвени сме да разговараме

Бугарските политичари сакаат да ја вовлечат темата Македонија во нивната предизборна кампања. Многу пати сум кажал дека нема да бидеме…

October 5, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ со апел до Силјановска: Да не се потпишуваат законите за полиција

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, денеска на прес-конференција упати јавен апел до претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова да не ги…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Османи: Чаир има надеж за промена

Откако неговото име беше официјализирано како кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи утрово во 06:00 часот објави…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?