Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дел од цигарите поскапеа за 10 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дел од цигарите поскапеа за 10 денари
ЕКОНОМИЈА

Дел од цигарите поскапеа за 10 денари

Објавено September 2, 2025 19:10
Сподели
Сподели

Дел од цигарите поскапеа за 10 денари, а трговците очекуваат поскапување и на другите. Производителите велат дека го прават поскапувањето поради зголемените трошоци и повисоката акциза.

Во државата, цените на цигарите се утврдуваат според Законот за акцизи, кој предвидува да се усогласи македонската стапка на акцизи со европската минимална стапка на акциза.

Со последните измени на овој Закон направени во 2023 година, од 1 јануари 2024 година стапката на акциза за цигари се менува еднаш годишно, на 1 јануари, и тоа за 0,23 отсто по парче.

Предвидено е овој систем на зголемување на стапката на акцизата за 0,23 отсто да се применува до 1 јануари 2030 година.

Според ова правило, акцизата за пурите од јануари годинава е зголемена за 2 денара за парче, а такво зголемување ќе има и во наредните години.

Стапката на акциза на цигарилоси годинава се зголеми еден денар по парче, на 1 јануари секоја година.

Износот на специфичната акциза за тутунот за пушење како фино сечкан тутун, тутунот за пушење како друг тутун за пушење, тутунот за водено луле (тутун за наргиле), тутунот за шмркање и тутунот за џвакање се зголемува за 150 денари за килограм нето-тежина, на 1 јануари секоја година.

Заклучно со 1 јануари 2030 година, износот на специфичната акциза на несогорливиот тутунски производ се зголемува за 350 денари за килограм нето-тежина на тутунската смеса, на 1 јануари секоја година.

Заклучно со 1 јануари 2030 година, износот на акциза на течноста наменета за полнење електронска цигара се зголеми за 0,20 денари за милилитар волумен, на 1 јануари секоја година.

Според ова, актуелните износи на акцизите за тутунските производи изнесуваат: акцизата на цигари – 3,713 денари по парче и 9 отсто од малопродажната цена по кутија; акцизата на пури – 27,37 денари по парче и 9 отсто од малопродажната цена; акцизата на цигарилоси – 13 денари по парче и 9 отсто од малопродажната цена; акцизата на тутунот за пушење како фино сечкан тутун – 2.600 денари за килограм нето-тежина; акцизата на тутунот за пушење како друг тутун за пушење за водено луле (тутун за наргиле) – 2.600 денари за килограм нето-тежина; акцизата на тутунот за шмркање и на тутунот за џвакање – 2.600 денари за килограм нето-тежина; акцизата на несогорливиот тутунски производ – 4.700 денари за килограм нето-тежина на тутунската смеса и акцизата на течноста наменета за полнење електронска цигара – 3,4 денари за милилитар волумен.

Со измените на Законот за акциза од 2023 година е оневозможено увозниците и дистрибутерите да трупаат резерви од тутунски производи и да го користат тоа за манипулации на пазарот. При промена на акцизата, Законот им наложува да направат попис на затечените резерви во и надвор од складовите. Записник за тоа доставува до Царинската управа. Производителот и увозникот ја пресметуваат разликата од старата до новата акциза на затечените резерви кај себе и кај дистрибутерот и доставуваат барање за доплата на акциза до Царинската управа, за што добиваат решение од Царината да доплатат во рок од 30 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК: Доставени 69 иницијативи за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје
Следна Статија Нестле го отпушти директорот поради љубовна афера на работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Акциите на Алфабет растат поради можен договор за чипови со Мета, осветлувајќи нов правец во трговијата со вештачка интелигенција

Мета наводно разгледува користење на посебни чипови на Алфабет за нивните податочни центри. Акциите на Nvidia и AMD паѓаат поради…

November 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Денеска повисоки пензии за 2.500 денари

Денеска повискоки пензии ќе добиваат сите пензионери во земјава. На сметките на над 300 илјади пензионериќе легнат зголемени мартовски пензии…

April 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Процедурата за распределување на парите од унгарскиот кредит до крајот на месецов, заинтересирани голем број компании

Целата процедура околу средствата од унгарскиот кредит наменети за компаниите, според најавите на надлежните, треба да заврши до крајот на…

January 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почнува зимскиот ред на летање, 10 нови дестинации

Зимскиот распоред на летови за 2025/26 година стапува во сила викендов. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?