Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Професорот Трајковски со анализа: БРТ може да биде проблематичен за Скопје, градот е двојно нараснат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Професорот Трајковски со анализа: БРТ може да биде проблематичен за Скопје, градот е двојно нараснат
МАКЕДОНИЈА

Професорот Трајковски со анализа: БРТ може да биде проблематичен за Скопје, градот е двојно нараснат

Објавено September 3, 2025 09:54
Сподели
Сподели

Како да се реши сообраќајниот хаос во Скопје без да се уништи градот? Одговор на прашањето дава професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, откако предизборно повторно се покрена прашањето за БРТ – „брз автобуски систем“ во главниот град.

Професорот излезе со свои предлози околу решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и сообраќајниот хаос. Смета дека БРТ, односно брзиот автобуски транзит, е систем што комбинира флексибилност на автобуси со ефикасност на шини, но дека добар е за нови градови, но проблематичен за Скопје, град проектиран и изграден за околу 350, а не 600 илјади жители.

– Скопје се буди секое утро во сообраќаен хаос. Колони автомобили ги исполнуваат тесните булевари, свирките ечат, а воздухот станува сè потежок за дишење. Со околу 600.000 жители во поширокото градско подрачје, Скопје се соочува со проблемите типични за средно големите градови: премногу автомобили, премалку простор и буџет што не може да поддржи грандиозни проекти. Во потрага по решение за оваа урбана главоболка, градските власти често разгледуваат различни системи за јавен превоз. Но, сите тие не се подеднакво соодветни за град со ограничена инфраструктура и недоволни јавни финансии, анализира Трајковски.

Смета дека подземните и надземните железници, иако импресивни, се исклучуваат од старт – нивните трошоци од 100 до 200 милиони евра по километар и долгогодишната изградба се премногу за буџетот на Скопје.

– Освен најбогатите градови, метро систем не се исплати за градови со помалку од еден милион жители. Наместо тоа, фокусот треба да биде на пореални опции: БРТ (Bus Rapid Transit) и класичниот автобуски превоз со жолти ленти за приоритет. Од овие, автобускиот превоз се издвојува како најповолен за Скопје, зачувувајќи го зеленилото, тротоарите и паркинзите, во комбинација со политиките за обесхрабрување на индивидуалните возила, што можат да го направат градот поуреден и попријатен за живеење, појаснува професорот.

Тој го анализира БРТ-системот за кој со години се зборува за негова имплементација во Скопје.

– БРТ, односно брзиот автобуски транзит, е систем што комбинира флексибилност на автобуси со ефикасност на шини. Добар е за нови градови, но проблематичен за Скопје, град проектиран и изграден за околу 350, а не 600 илјади жители. Со наменски сообраќајни ленти, модерни станици и приоритетни семафори, БРТ може да превезе до 20.000 патници на час, што го прави идеален за градови во развој со широки булевари, како Богота во Колумбија или Куритиба во Бразил. Во Богота, на пример, системот TransMilenio го намалил сообраќајот на приватните возила на клучните коридори за околу 14%, подобрувајќи го протокот и намалувајќи го загадувањето. БРТ е релативно евтин, од 5 до 15 милиони евра по километар и може да се имплементира за само 1-3 години. Ако се користи со електрични или хибридни автобуси, тој е и еколошки, што е критично за Скопје, еден од најзагадените градови во Европа, појаснува професор Трајковски и додава:

Сепак, во Скопје БРТ не може лесно да се имплементира. Наменските сообраќајни ленти бараат одземање на простор од постоечките булевари, што може да значи губење на 1/3 до 1/2 од лентите за автомобили на булеварите како Партизански одреди или Илинден. Ова би ги влошило застоите, барем на краток рок, додека граѓаните не се префрлат на јавен превоз. Но, што ако не се префрлат, туку со индивидуалните возила продолжат да прават метеж?

Во однос на „Партизанска“ поентира дека треба да се заджи зеленилото меѓу коловозните ленти, а со БРТ тоа е невозможно.

– Уште поважно, булеварот Партизански одреди во Скопје има зеленило меѓу коловозните ленти во спротивни насоки, со цвеќиња и грмушки што не само што го разубавуваат градот, туку и го филтрираат загадениот воздух. Планови за изградба на БРТ ленти подразбираат уништување на ова зеленило, што би била голема грешка и што веројатно би предизвикало отпор кај граѓаните. Тоа би донело само една сообраќајна лента, а за добивање простор за втората, би требало да се стеснат или дури елиминираат тротоарите, како и паркинзите, што е проблем за оние што зависат од автомобили. Иако Скопје веќе планира БРТ систем поддржан од ЕБОР, со прва линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, имплементацијата мора да биде многу внимателна за да не го наруши кревкиот урбан екосистем, ако тоа воопшто е возможно.

Трајковски е „против“ трамвајскиот сообраќај во Скопје.

– Поради истите проблеми со одземањето на просторот, но и високата цена за изградба на колосечната траса, не доаѓа предвид ни трамвајот. Освен малку поудобното возење, тој не нуди никаква предност во однос на БРТ. Тролејбусите, пак, иако немаат потреба од шини, бараат надземна електрична мрежа, што во денешно време може да се избегне со користење на автобуси со акумулаторски батерии.

Смета дека БРТ е привлечен за нови градови со планиран простор за ширење, класичниот автобуски превоз со жолти ленти за приоритет е поприроден избор за Скопје.

– Класичен автобуски превоз претставува едноставност што функционира. Овој систем не бара големи промени во инфраструктурата, што значи дека зеленилото меѓу лентите, тротоарите и паркинзите остануваат недопрени, а просторот за движење на возилата би бил помалку стеснет. БРТ системот, фокусиран на сообраќај исток-запад долж главните булевари во Скопје, ефикасно би воспоставил само еден клучен коридор, но не би го решил проблемот со пристапот до страничните улици и населбите подалеку од главната оска, односно повторно би било потребно користење на автобуси. За разлика од него, класичните автобуски линии, со својата поголема мрежа и флексибилност, можат полесно да навлезат во споредните улици, обезбедувајќи директна поврзаност за жителите со помала потреба од повеќекратно прекачување. Ова ги прави поефикасни за покривање на целата урбана област, особено во страничните населби, каде БРТ не би стигнал. Со обележување на постоечките улици со жолти линии за автобуси и имплементација на Transit Signal Priority (TSP) – технологија што дава предност на автобусите на семафорите – градот може да го направи јавниот превоз побрз и посигурен без да го жртвува просторот, додава Трајковски.

Анализата за најпогодно сообрќајно решение за јавниот превоз во Скопје во целост може да ја прочитата не фејсбук профилот на порфесорот Трајковски.

– Скопје стои на крстопат. Градот што поради неконтролирано ширење нараснал двојно од планираното, не може повеќе вака да продолжи да функционира. БРТ може да биде применлив само за нови градови со широки булевари, но за Скопје, со неговите тесни булевари, зелени појаси и историско јадро, класичниот автобуски превоз со жолти ленти е побрз, поевтин и попаметен избор. Тој не ги жртвува дрвјата, тротоарите или паркинзите, а со електрични автобуси и паметни семафори може да го направи градот побрз, почист и попријатен. Комбиниран со наплата за влез во центарот и даноци за нови автомобили, овој систем би можел да го намали сообраќајниот хаос и да го врати воздухот што толку ни е потребен, а Скопје да стане пример за одржлив град во регионот, заклучува тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДЗР: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат
Следна Статија Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Угина гибонката Софи од ЗОО Скопје, потврдена туберкулоза

Зоолошката градина Скопје известува дека на седумгодишна возраст угина гибонката Софи. -Софи пред 12 дена пројави симптоми на малаксаност и…

September 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Панче Тошковски останува министер за внатрешни работи, Собранието ја отфрли интерпелацијата

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 „за“, а…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Како се пресметува Велигден и зошто не е секоја година на исти ден?

Велигден не е обичен празник што секоја година паѓа на ист датум – тоа е празник со подвижна дата, што…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?